Библијата на Мареј е водечкиот светски туторијал за светот на вискито и секое нејзино издание содржи преку 4.600 прецизни и професионални забелешки за прочуени и за помалку познати вискија.
Мареј знае да ја изненади публиката, на пример кога пред некоја година го прогласи јапонскиот Yamazaki Sherry Cask за најдобро виски на светот или пак лани, кога за шампион го промовираше канадскиот Crown Royal Northern Harvest Rye.
За 2018 година круната му припаѓа на Colonel E.H Taylor 4 Grain (на Бафало Трејс), кое, според рецензентот, има неверојатна длабочина а патем е и ‘brain-draining и mind-blowing’ и доби 97 од 100 максимални поени.
Второ-пласирано виски во генерален пласман е 12 годишниот Redbreast што е највисоко признание за едно ирско виски во досегашната историја.
Меѓу другите победници за оваа година се Nikka Coffey Malt Whisky (победник во категоријата јапонско виски на годината), индиското Paul John Kanya и Dark Winter на Ламбургер.
Бек ту ракија.