Полицајците му пришле на човекот кој во соодветна маскота привлекувал внимание за продавница за електронска опрема наречена МекШарк и побарале да ја симне барем главата. Овој ги одбил објаснувајќи им дека тоа му е работа, да кмиши таму, баш така облечен. Го репнале 150 евра, по таканаречениот закон за забрана на носење бурки, односно забрана за целосно покривање на лицето на јавни места.
Од адвертајзинг агенцијата која го најмила дечкото велат дека ќе биде греота ако овој закон ги направи илегални сите можни маски и маскоти кои луѓето ги носат во разни прилики.
Полицајците пристапиле кон неуспешна деконструкција на човекот- ајкула по пријава на граѓанин. Постои можност тоа да го сторил некој колку да ја покаже поентата околу апсурдноста на ваквите широко дефинирани закони.
Франција беше првата земја од ЕУ која ги забрани бурките уште во 2011 година. Следуваа Белгија, Бугарија и Швајцарија. Холандија го забрани нивното користење во во јавни установи а Германија во април годинава воведе лимити за државни службеници и армиски припадници на служба.