Што, поверувавте дека Лукашенко за ЕУ е диктатор?

До вчера просто се тркаа кој почесто ќе го нарече „последниот европски диктатор“. Сега му посакуваат добредојде на самитот на кој ќе се негуваат економските интеграции и европските вредности.

Релевантни извори во Европската унија почнаа да ја подготвуваат јавноста за пресвртот во нивниот однос кон лидерот на Белорусија, човекот кој до неодамна едногласно го нарекуваа „последниот диктатор во Европа“.

Пораката е дека ЕУ е подготвена да му посака добредојде на Лукашенко (лично) на самитот на таканареченото Источно партнерство (ЕаП) идниот месец. Не претходните самити званичници на ЕУ јасно даваа до знаење дека Лукашенко не е добредојден па земјата беше претставувана на пониско државничко ниво.

ЕаП е групација формирана во 2009 та година за увежбување на „европските вредности и принципи“ на регионот кој освен Белорусија го сочинуваат Ерменија, Азербејџан. Грузија, Молдавија и Украина.

Лукашенко е прв човек на Белорусија веќе 21 година а актуелниот, петти мандат го освои пред две години нас избори кои Запад ги оцени како неслободни и недемократски. 

Првите рестрикции кон земјата ЕУ ги воведе во 2004 година по исчезнувањето на двајца опозициони политичари, новинар и бизнисмен а санкциите беа надградени и проширени во 2010 година.

Во февруари 2016 година ЕУ ги укина речиси сите мерки, го одмрзна имотот и ги укина забраните за патување на 170 Белоруси (меѓу кои и Лукашенко и други високи државни службеници) и ги скина рестрикциите за 14 компании осомничени за блискост со режимот. Сето ова се објасни „во контекст на вкупното подобрување на релациите ЕУ- Белорусија“.

На конто на Лукашенко имаше безброј демократски гревови- автократско владеење, диктаторски пориви, гушење на слободите, медиумите, опозицијата и институциите, наместени избори и друго. Единствената битна работа што тој ја направи за да издејствува ваков пресврт во односот на Европа кон него беше што ги пушти на слобода затворениците кои Запад ги сметаше за политички.    

Инаку, Јури Захаренко, Виктор Гончар, Анатолиј Красовски и Дмитри Завадски (оние изчезнати опозиционери, репортери и бизнисмени) до денес не се најдени. 

 

10 октомври 2017 - 16:30