Во престижниот клуб чиј кастинг го составува Форбс годинава влегоа оние кои имаат најмаку 2 милијарди долари (лани се влегуваше со 1,7 милијарди). Вкупното богатство на оваа групација изнесува 2,7 трилиони (лани 2,4) а упросечено лани имаа по 6 милијарди а годинава по 6,7 милијарди долари по човек.
На листата има 22 нови имиња чие потекло на имот е доста шарено: некои од телеком бизнис, некои се занимаваат со пијачки а некои со продавање риба. Дон Волтаџо со леден чај, Рид Хастингс е ко-основач на Нетфликс, Тито продава вотка, Чак Бандрант носи риба на ланци како МекДоналдс и Бургер Кинг, Роко Комисо има кабловска и е сопственик на фудбалскиот клуб Космос.
Бил Гејтс безмалку четврт век ја предводи оваа листа. Што и да правел тој во последните 365 дена, го зголемил своето богатство за 8 милијарди долари. По него се Џеф Безос од Амазон (вкупно 81,5 милијарди, годинава качил 14,5 милијарди), Ворен Бафет (78 милијарди, во плус 12,5 милијарди), Марк Закерберг (71 милијарда, + 15,5 милијарди), Лери Елисон (59 милијарди, збогатен за 9,7 милијарди)....
Во целина, друштвото се држи одлично. Во добивка од лани се 289 луѓе наспроти само 51 кои изгубиле некоја пара, што го прави односот победници - лузери, пет спрема 1.
Со здравје да си ги трошат па да им се радуваме и догодина.