Како што во четвртокот објави Нешнл џиографик:
„Ларсон тврди дека малите геометриски дизајни на погребната облека не наликуваат на ништо што досега е најдено во Скандинавија. Таа сфатила дека тие не се викиншки шари, туку античко арапско куфиско писмо.
Разрешувањето на загатката на текстот значеше зголемување на буквите и нивно испитување од различни агли. Еден од зборовите кој постојано се појавуваше беше идентификуван како името Али, четвртиот калиф на Исламот, кој исто така е и арапскиот збор за Господ, Алах.“
Ларсон исто така тврди дека „е многу веројатно дека овие откритија покажуваат дека викиншките погребни обичаи биле под влијание на исламските идеи како вечен живот во рајот по смртта.“
Во целата сторија проблем излегоа колегите на Ларсон, кои не се согласуваат со нејзините заклучоци и ги критикуваат новинарите за тоа што упорно ги повторуваат нејзините тврдења без поддршка од остатокот од научната фела.
Критиката кон Ларсон е крајно техничка и се сведува на тоа дека таа без докази претпоставува дека текстилните парчиња што ги анализира се дел од поголем дизајнерски шаблон. Специјалистката за текстил Каролин Прист-Дорман пишува:
„Ако го гледате шаблонот што Ларсон го претпоставува, тој покажува дека постојат 9 дополнителни шаблони на секоја страна на парчето, што значи дека треба да има вкупно 18 дополнителни парчиња во должина... Оваа необјаснето проширување практично за два пати ја зголемува ширината на парчето и еве зошто тоа е проблем...
Ако тргнете од Тафл 17:1 во Бирка III за фотографија за парче 6, можете јасно да видите непрекинат метален јаток (конец) кој продолжува преку секој опшиен раб за да влезе од задната страна и да пробие во другиот правец. Ако Ларсон беше во право дека парчето 6 првично е значително поголемо, тогаш овие префрлања не би биле видливи; туку ќе видиш серија испрекинати еднострани премини со исечени или скршени краеви на секој раб.“
Со други зборови на ниту еден од постојните парчиња текстил не е испишан зборот Алах, туку зборот се појавува само под претпоставка дека парчето било два пати пошироко, а шаблонот на него е повторува само на конкретен начин.
Забелешка на откритието има и професорот по Средновековна муслиманска уметност и археологија од Универзитетот на Тексас, Стефани Мулдер, која објаснува дека стилот на интерпретирање на античкото писмо што го користи Ларсон не е во широка употреба уште околу 500 години по создавањето на парчето што се истражува.