Вести

Почина најстариот американски затвореник

На 101 година, од старост, почина човекот со најголем затворенички стаж во американската историја. Последен пат побарал да му биде простена доживотната казна кога имал 95 години. А доживотната казна затвор ја дочекал со олеснување, бидејќи претходно во многу наврати му викале дека јаде за последен пат.   

Фатете се за пенкало

Норвешка студија од областа на невронауката утврди, поточно потврди, дека рачното пишување создава значително побогата и пософистицирана поврзаност во мозокот во споредба со чукањето на тастатура. Тоа може да има директни придобивки за учењето и меморијата. Со други зборови, рачното пишување го буди мозокот. Сепак, некогаш за тоа е доцна.

Мрсните функционери на мрсниот Доналд Трамп

Обама во својата администрација имал само три члена кои имале над 100 милиони долари. Џо Бајден имал петмина такви. Доналд Трамп ги има преку десетпати повеќе. Осуммина од нив имаат преку милијарда долари. Наивни ќе помислат дека таквите луѓе сега имаат доволно па ќе ѝ служат на државата. Да им беше на таквите нешто доволно, немаше ни да стигнат до тие цифри.  

Речник

Нашата планета станува сè потемна

Насловот не е некој метафоричен, поетски опис за очајната состојба на човештвото, моралот или нивото на македонските реклами на Инстаграм. Зборуваме за вистинска мерлива темнина што се шири низ површината на Земјата. Напредокот во животната средина буквално има неочекувана темна страна.

Во Австралија се размислува за поевтинување на цигарите

Досегашните долгогодишни мерки против цигарите и пушењето успеаја драстично да го намалат процентот на пушачи во Австралија. Но, остана едно жилаво малцинство кое се покажа имуно на сите мерки на државата а задоволувањето на нивната потреба за никотин создаде голем и понекогаш опасен црн пазар. Бидејќи попаметниот попушта, некои во Австралија сега бараат цигарите да поевтинат.

Науката НЕ е консензус

Уледниот Британскиот медицински журнал е критикуван за нарушување на научниот интегритет откако повлече труд во кој се сугерираше дека вакцините против ковид можеби се виновни за некои прекумерни смртни случаи за време на пандемијата. Го повлекле трудот иако немало ништо спорно во него, ама не го одразувал „научниот консензус“. А на времето, консензус имаше и дека Сонцето се врти околу Земјата.

Пара на пара оди, и тоа ти е

Браќата Винкелвос се двајца баксузи на кои Марк Зукерберг во основа им ја краде идејата за Фејсбук. Исто така, од пред некој ден тие се и првите биткоин милијардери во светот, и тоа баш со парите што ги ќарија од Зукерберг.

Машинеријата на Трамп за дробење медиуми и затупување мозоци

Трамп има разработено процедура од пет чекори за манипулирање, преземање и доминација врз социјалните и регуларните медиуми. Како и сите добри работи од Трамп, и оваа почнува со Твитер.

Јајцето и кокошката и што е поважно, колку саати работиш во денот или колку ќе сработиш?

Прашањето до една кадровска „Драга Савета“ е: зошто и покрај тоа што ги покривам сите обврски во работното време, шефот очекува да дремам на работа барем 10 до 12 часа.

Марионка, личи на уморна

Иако капнати од работа, Јапонките не се откажуваат од бракот и идејата еден ден да најдат маж и да засноваат семејство. Проблемот е што капнати од работа, уморни се да го бараат.

Америка ја извезува дебелината

Денес просечната Американка е потешка од просечниот Американец во 60-тите години на минатиот век. Доналд Трамп по секоја цена сака да го зголеми извозот а тие што први станаа нивни трговски партнери, први се здебелија.

Кај што има дим, има и дивиденда

На оваа масовна и глобална офанзива против пушењето и цигарите, наивен човек ќе помисли дека тутунската индустрија е за гревови. Филип Морис, еден од симболите на таа индустрија, во последнава деценија не пропуштил ни една година а да не ја зголеми дивидендата. 

Белгискиот принц си бара човекови права

Му ја скратиле апанажата и плус му замериле што во воена униформа отишол кај Кинезите да ја слави нивната армија. Заради ваквото малтретирање од страна на државата, овој нескротлив аристократ апелира да му се почитуваат оние права кои денес ѝ се загарантирани дури и на рајата.

Вест од BBC, релевантна за кај нас

Индиската полиција уапсила човек зашто му смрделе чорапите.

Дигитално следење, може?

Американскиот Врховен суд вели не може, во еден предмет кој досега поминува доста незабележано а некои го оценуваат како најважниот случај на тема електроника - приватност во 21-от век. Патем, ова е редок случај за кој и либералите и конзервативците во Врховниот суд се на иста страна.

Има иднина за Македонците

Една ИТ фирма состави листа од 21 професија за која ќе има место во периодот кој следува и за која сепак ќе биде потребен човек, и покрај сета автоматизација и роботизација која се случува.

Маалски пацови

Маалата на Менхетен немаат само свои препознатливи ресторани и продавници, туку и свои препознатливи стаорци. „Донесете ми глушец, ќе ви кажам од кое маало е“, велат познавачите.

Што да го помагаме светот кога ќе му ги решиме проблемите?

Трамп планира за драстични 31% да ги скрати трошоците за дипломатијата и агенциите за странска помош. Особено се намерачени на УСАИД кои во последно време навистина трошат рекордни милијарди долари. Рекс Тилерсон објаснува како тоа го замислува оваа монитпајтоновска дружина.

Приказната за Америка раскажана преку книгите за диети

Продадените книги за диети во Америка би можеле да ги наполнат сите рафтови во импозантната Конгресна библиотека и пак би останале примероци за сите други помали библиотеки во САД. Зошто приказните раскажани во овие книги се толку убедливи и што е тоа во нив што ги заведува читателите цел еден век?

Варуфакис за ЕУ: Лицемери со кои не вреди да се преговара

„Без памет е што тврдат дека ЕУ е заедница на држави а не на народи. Затоа што со таа порака, на оние кои се за независност, им даваат огромна причина да си направат држава“. Тачдаун.

Абдулах Сидран за генералот кој се самоуби во Хаг

По крвни зрнца, бошњачкиот писател и хрватскиот генерал би требало да се крвни непријатели од трагично закрвената Босна. Ама, лично напатениот од страшната војна Сидран не е како овие нашиве хиени кои никако да се наситат.

Торонто ќе прави самопридонес

Скопјани со самопридонес го изградија езерото Треска (ене го, запуштено) ама и одбија да дадат пари за трамвај (ене го, го нема), делумно од што се слепци, делумно од што на доцните социјалистички власти не можеше да им се верува каде завршуваат парите (оти па сега може). Неколку децении подоцна од нас, Торонто решава да ја проба таа „назадна“ идеја.

Маркетингот го бојкотира Јутјуб

За да ја менаџира штетатат откако глобални адвертајзинг тешкаши од рангот на Адидас и Дојче Банк ги повлекоа своите реклами од Јутјуб, видео платформата на Гугл почна масовно да брише акаунти, видеа и коментари.

Рамбо Амадеус: Демократијата кај нас е диктатура на глупаци

„Зборот денес ја изгуби својата тежина. Сите зборуваат на сите страни, а никој ништо не кажува“ вели Рамбо откривајќи дека се обидува да се тргне од таа папазјанија во кругот на блиските и убави луѓе, пријатели и соработници. Тој, отсекогаш наш, Офф човек, порачува и да не се кука што на интернет има куп ѓубре. На крајот на краиштата, никој со сила не те тера да копаш по него.

Грчката држава повторно стана успешна, само што нејзините граѓани осиромашија

33% проценти посиромашни отколку на почетокот на мандатот на Сириза, грчките граѓани почнаа да слушаат гласови од ЕУ како како нивната земја повторно станала успешна држава. Но, благодарејќи на Ципрас, Грците веројатно ќе бидат многу поскептични кон следниот политичар кој ќе им ветува правичност.

Итар Пејо денеска би бил фармацевт

Индијанците од едно њујоршко племе неодамна добија сопственост на едно од највредните и најдобро продавани офталмолошки лекарства во САД. Фармацевтската компанија која го направи овој галантен потег, сепак не е онаа страна во приказнава која нема вода во очи.

Светот оди напред, на ред се печурките

Додека Калифорнија се подготвува следната година да ја легализира рекреативната утопреба на марихуаната, еден градоначалнички кандидат проценува дека е вистинско време да се направи чекор напред: да се легализираат и психоделичните печурки. Не гледа тој друго чаре за овој тажен свет кој им нанесува болка на луѓето и го пумпа нивното его.

Ја мислев пијачка и кобасици, а оно 2 милиона долари

Поранешен руски министер за економија, обвинет за изудување поткуп, на судот рече дека се работело за обично недоразбирање што тоа има во заклучената торба која ја примил како подарок.

Конзервативна нога стапна во Тајм

Медиумската куќа Мередит Корп со седиште во Ајова го купува Тајм за 2, 8 милијарди долари. Четвртина од парите обезбедиле мега-донаторите на Републиканците, браќата Коук.