Полицијата уапсила човек чии замирисани чорапи предизвикале спор и кавга меѓу него и останатите патници во автобусот, пренесува BBC од индиските медиуми.
Се дознава дека сопатниците на 27 годишниот Пракаш Кумар „биле вознемирени“ од реата која доаѓала од неговите чорапи па аман-заман, го преколнувале да ги соблече и стави во торба или да ги исфрли од автобусот.
Се разбира, овој одбил да тргне по нивен памет по што колективот го натерале возачот на автобусот да вози во првата полициската станица каде што полицајците неволно го задржале лицето кое го предизвикало спорот.
Хиндустан Тајмс ја има и друга страна на приказната па пренесува дека според Кумар, мирисот од неговите чорапи не бил ништо посебно и дека овие другие непотребно тензијашеле.