Чорапите се дело на јапонскиот дизајнер Фукузава Такајуки, кој забележува дека луѓе фрлаат парови чорапи само затоа што едниот чорап има „не можам да се качам до кај тебе на кафе“ дупка кај палецот. За да се избегне ваква ситуација, тој изработува чорапи кои фабрички се со дупка на палецот.
Обично ги поврзуваме со туристи од северот, кои од шубе да не настинат или заради некаков извитоперен моден вкус, ги носат по морските шеталишта. Ама историјата на чорапосандалата е малку подолга, а географскиот опсег поширок.
Мажите архетипски се ловци, постојано подготвени за предизвик и опасност. Но, бидејќи одамна се припитомени, им останува сосема мал простор да ја покажат оваа органска дивина. Всушност, тој мал простор се сведува на глуждовите на нозете.