Ваквата финансиска поддршка од браќата кои се во самиот врв на навлијателни луѓе во американската економија и политика ги покрена прашањата за уредувачката независност и интергритет на Тајм Инк кој освен магазините од тешкашки калибар Тајм и Форчн, ги има и лајфстајл форматите Пипл и Спортс Илустрејтед.
За да ја менџарираат таа тема, Мередит веднаш излегоа со соопштение дека империјата Коук ќе нема влијание во уредничките и менаџерските случувањата во купената фирма ниту пак им следува столче во бордот.
Настрана шансите за зголемување на политичкото влијание, со оваа купуванка Мередит го зацрсртува своето медиумско портфолио насочено кон лајфстајл теми во кое ги имаат магазини за домување, градини и живот на село.
Тајм еднаш ја одби понудата на Мередит, што им беше второ одбивање на преземање откако одбија 1,8 милијарди долари од една инвеститорска групација во која удел има и милијардерот Едгар Бронфман. Некои аналитичари сметаат дека во медиумскиот сектор на САД во моментов постојат поволни услови за партиски замешателства.
Тајм Инк е медиумска куќа формирана во 1922 година која има потпис на стотина брендови во медиумскиот свет. Во 1990 се спои со Ворнер кога беше формирана компанијата Тајм Ворнер но повторно стана самостојна пред 3 години кога Ворнер посака да се фокусира на телевизискиот и филмски бизнис.
За империјата на браќата Коук, во 80 секунди: