Разочарувачкиот одговор од Тери Петрака, дежурната ејч-ар на Мел магазин е „најголемиот број менаџери го изедначуваат времето минато во канцеларија со продуктивност, и ова категорички не е точно.“
Како пример таа го дава Луксембург, најпродуктивната држава на светот, титула што земјата ја освојува со просечна работна недела од 29 часа. Плус на ова е и што сите од топ 15-те најпродуктивни држави на светот имаат помалку од работни часови отколку САД, кои инаку се на 5-то место по продуктивност. Уште еден европски кошмар кој без никаков проблем се живее во САД е дека Соединетите држави се единствената развиена земја во светот без загарантиран минимален одмор.
„Една од разликите меѓу лидерите и менаџерите е што лидерите се стратези, утврдувајќи ’што’ и ’зошто’, додека менаџерите се фокусираат на ’како’. Менаџерите се тактичари, не визионери, и тие се оценети по испораката на материјални и нематеријални стоки. Тие треба да ги остварат своите рокови, да произведат квантитет и квалитет за кој се одговорни и генерално гледаат да се заврши работата.
Најлесниот начин да се направи ова, без разлика дали во фабричка хала или во канцеларија, е да се надгледува целиот тим. На фабричка лента, луѓето се пријавуваат и одјавуваат па знаеш дека произведуваат стоки. Во канцеларија ’проверките за спиење’ (односно шпартањето наоколу за да провериш дека сите се таму во 17, 18 или 19 часот) се единствен начин за менаџерот да осигура дека луѓето напорно работат,“ објаснува Петрака.
Нејзиниот совет до анонимниот читател е дали однесувањето што преовладува кај него во оддел важи и за остатокот од компанијата. Дали во 19 или 20 часот прошетал наоколу по другите оддели за да види дали и таму се работи? Плус неколку протоколарни ХР совети од типот: дали има некој формулар во кој можеш да се пожалиш или свртиш внимание на ваквиот проблем, и што викаат твоите колеги околу ова?
Едно од нејзините предлог решенија е да се соберат податоци од работењето на одделот кои на менаџерот ќе му покажат дека ти и твоите колеги можете да испорачате солидни резултати и во рамките на регуларните работни саати.