Проучувајќи ги промени во втората по бројност (после луѓето) урбана популација, Метју Комбс и неговата екипа од Универзитетот Фордхам утврдиле дека во одделните делови на градот живеат посебни видови стаорци.
„Дајте ни примерок и ќе ви кажеме дали е од Вест Вилиџ или од Ист Вилиџ. Тоа всушност се уникатни глувчешки соседства“, вели Комбс.
Тие правеле ДНК анализи на примероците но и се потпирале на „разузнавачки“ податоци од луѓе при што испаднало дека локалците сериозно се информирани каде во маалото им се главните уточишта на овие мали гадови.
Инаку, Њујорк е втор град на листата американски градови со најголеми поблеми со стаорците која ја предводи Чикаго. Претходно на темава пишувавме дека оптимизам во борбата дава сознанието дека проблемот може да се среди со искористување на нивната лакомост, не по храна, која во Њујорк ја имаат во изболие, туку по вода, бидејќи малите непријатели мора секој ден да испијат барем 10% количина течност од својата тежина.