Има иднина за Македонците

Една ИТ фирма состави листа од 21 професија за која ќе има место во периодот кој следува и за која сепак ќе биде потребен човек, и покрај сета автоматизација и роботизација која се случува.

На оваа малубројна листа, постои една професија која е најмалку платена, ама па за која имаме неисцрпен талент и воља. И која денеска армија наши луѓе ја обавуваат и бесплатно.

Едно од клучните прашања на ерата на автоматизација е дали оваа епизода од технолошките пресврти се разликува од претходните кои се случија во историјата, особено последните два века. Дали ќе останат доволно пристојно платени работни места кои ќе треба сепак да ги држи човек или пак она што следува ќе се претвори во една општа невработеност во која луѓето ќе бидат вишок.

На основа на денешните лобални економски и технолошки трендови, компанијата Когнизиант изготви листа а професии за кои ќе биде неопходен човекот и негово знаење, интелигенција, вештини, памет и.... воља за шетање и муабетење.

Единствен заеб со ваквиот оптимистички наслов на оваа статија е што до таа иднина треба да се преживее.

 

 

1 декември 2017 - 10:00