Таг: иднина

По трагата на минатото на зборот „иднина“ во македонскиот

Сè започна од една објава на социјалните мрежи непосредно по смртта на Оливера Николова. „Еден од омилените факти за неа, е дека заедно со сопругот го имаат смислено и воведено зборот 'иднина' во македонскиот јазик“ - гласеше таа. Зарем е можно до Оливера да не сме имале „иднина“? Потрагата по одговор на ова прашање нè вовлече во „зајачка дупка“ која излегува од рамките на самиот повод. 

Дали влегуваме во период на пост-теориска наука?

Класичната научна методологија која вообичаено подразбира најмалку три фази, хипотеза-предвидување-тестирање, како да почнува да се напушта. Сè е забрзано и во голема мерка препуштено на машинско учење. Дали ова е привремена ситуација или знак дека нештата веќе никогаш нема да бидат како во времето на Њутн?

Животните кои можеби ќе постојат за милион години

Стаорци-китови кои живеат под вода. Богомолки со големина на кучиња. Научниците се обидуваат да ја замислат идната еволуција на животот на Земјата.
А човекот? Што човекот?

Иднината ќе биде почудна отколку што мислиме

Тајлер Коен е економист, кој често пишува колумни за Њујорк Тајмс, Њусвик, Њу Рипаблик. Во 2011 беше рангиран во топ 100-те глобални мислители, и се смета за еден од највлијателните економисти на денешницата. Каква ќе биде иднината според него за 100 или 1000 години? Чудна.

Пренаселеност, масовна невработеност, роботи: како децата од 1960 ја замислувале 2000-тата

Денес, особено во текот на пандемијата, стана некако нормално да имаме мрачни, дистописки мисли за иднината. За 1960-тите вообичаено се мисли дека биле ера на оптимизам, особено во технологијата и сеопштиот прогрес. Но и тогаш имало визионери.

105 експерти за нивните најдлабоки стравови и најголеми надежи за иднината

Најголемата колективна загриженост, и на секој од нас поединечно: што ќе се случи во годините кои доаѓаат, а што може драстично да влијае врз начинот на кој живееме? Од друга страна, што е она на што се надеваме а има потенцијал да се случи? На крајот од 2018 за она што го носат голем број следни.

Човек после човекот: антропологија на иднината

Книга од (релативно) далечната 1990, која се осмелува да оди далеку во иднината. Дури пет милиони години од сега. И да претпостави како ќе изгледа светот тогаш.

Има иднина за Македонците

Една ИТ фирма состави листа од 21 професија за која ќе има место во периодот кој следува и за која сепак ќе биде потребен човек, и покрај сета автоматизација и роботизација која се случува.

Нè очекува нерамноправност каква што човештвото не памeти

Многу генерации пораснаа на надежта дека глобализацијата ќе го распрска економскиот просперитет и демократски слободи низ светот па луѓето во Египет, Индија или Македонија ќе уживаат во истите придобивки и шанси како оние во Шведска или Канада. Денес се чини дека тоа ветување беше лажно. А допрва следи сериозна поделба на човештвото на само две класи, мала група супер-луѓе и огромна маса некорисна раја.

Петте најважни бројки во следните 100 години

Бибиси проценува дека ова се цифрите што ќе ги дефинираат претстојните 100 години и што ќе се случува во нив.

На луѓето кои ќе ја дочекаат новата 2959

Во 1959 големиот британски филозоф (малкумина знаат дека во Скопје има улица со негово име), Бертранд Расел, во емисија на Би-би-си требало да одговори на следново прашање: „Што би ѝ порачале на генерацијата која ќе живее 1000 години од денес, за животот којшто сте го живееле, и за лекциите што сте ги научиле?“

Прогноза од 1969: Како ќе изгледа Југославија во 2000?

Kaков Жил Верн, каков „Вест ворлд“, какви црни дистопии. Видете колку полни со самоувереност и оптимизам биле прогнозите на новинари од некогашна Југославија. Од сето она што не им се остварило, најтрогателно е всушност најбазичното - што за иднината која ја предвиделе им снемало Југословени.

Напишана и втората книга која ќе се објави по 100 години

Маргарет Атвуд (патем, добитничка на Златниот венец во Струга оваа година) беше првата учесничка во проект, чија идеја е да се соберат 100 специјално напишани дела и истите да се објават по сто години. Неодамна е предаден и втор ракопис. 

На кој јазик ќе зборува светот во 2115?

Научната фантастика често претставува цели планети на кои се зборува само еден јазик. Но наместо да се радуваме на таквата иднина, тука на Земјата сме загрижени дека англискиот јазично ќе асимилира неколку илјади постоечки јазици. Дали овој страв е оправдан?

Книга која се пишува денес, а прв пат ќе се објави во 2114-та

Ако сте автор чие дело ќе ве надживее, не можете да знаете кој и како ќе ве чита по вашата смрт, и во тоа истовремено има и некаква возбуда и некаква тага. Но што ако отсега знаете дека вашата книга ќе биде прв пат објавена дури по 100 години? Така таа станува „порака во шише“, фрлена во бурните води на времето.

Парите од наградата ТЕД 2012 одат за..

Од 2005. наградата ТЕД се доделува на исклучителни поединци, чии  идеи и однесување можат да поттикнат некаква позитивна промена. Но во декември минатата година беше направен преседан: таа не замина во рацете на некој како Бил Клинтон или Џејми Оливер, туку стоте илјади долари ги доби една - идеја. Сега се знае и за што ќе се потрошат.