Кои се елементите што според економистот Тајлер Коен ќе ја сочинуваат иднината на човештвото?
Генетски инженеринг
Како што напредува геномиката, така ќе стане можно да се менува идниот тек на човештвото, во најбазична, биолошка смисла. Наједноставниот метод е селекција на ембриони, преку што родителите можат да бираат дали бебето ќе биде машко или женско, или кои карактеристики ќе ги има. Нашата способност да се прави ова ќе стане многу прецизна. Можни ќе бидат и други директни форми на гентска манипулација.
Иако некои родители нема да сакаат да одат толку далеку во генетскиот инженеринг освен да ги заштитат своите деца од потенцијални дефекти при раѓање, други ќе ја прифатат ваквата можност. Така, човештвото ќе биде поделено на групи со различни генетски истории. Ова се нема случено во поновата историјата на човештвото.
Развој на истражувањата за долговечноста
Ќе станеме и повешти во „штелувањето“ на различните биолошки часовници, со што ќе се поместат границите на просечниот животен век и ќе се забави стареењето. Подолгиот животен век не е нешто ново, но сега ќе има многу повеќе луѓе кои ќе живеат над 100 години без големи здравствени проблеми.
И ова ќе доведе до поделби. Некои ќе тежнеат (и ќе плаќаат) за да живеат доволно долго за во меѓувреме да бидат измислени лекови за нивната неодминлива смрт.
Неврално инженерство
Ова може да ни даде моќ за придвижување и менување на физички објекти со користење само на нашите умови. Веќе е можно со мајмуни, иако во многу ограничен обем.
Докази за интелигентен живот на други планети
Нашата способност за потрага по хемиски и електро-магнетни вонземни сигнали постојано расте. Замислете иднина во која сфаќаме дека не сме сами во универзумот, иако вонземниот живот се уште може да се наоѓа на големи далечини. Научници од НАСА предвидуваат дека докажани знаци на вонземски живот ќе бидат пронајдени до 2025.
Поспекулативно, има мала шанса вонземјаните веќе да ја посетиле Земјата и да се претставиле. Коен дава 1% шанса ова веќе да се случило.
Сите овие промени се многу порадикални во споредба со она што се случило помеѓу 1921 и денес. Побогати сме, побезбедни, но голем број од базичните структури на светот остануваат исти. Да дојде сега некој од 1921 ќе биде изненаден од голем број детали, но сепак во неговите очи ќе бидеме луѓе, исто како и тој. Дали ќе биде исто ако сега се префрлиме во 2121? Можна е и порадикална иднина: луѓето своите креативни енергии да ги искористат за уништување, што би резултирало со тоа цивилизацијата да направи големи и трајни чекори наназад.