Еве го неговиот одговор - за проверка на неговата валидност и не мора да се чекаат илјада години.
Би сакал да кажам две нешта, едно интелектуално и едно морално.
Интелектуалното е ова: Кога проучувате какво и да е прашање, или кога разгледувате каква и да е филозофија, запрашајте се само кои се фактите и која е вистината која тие факти ви ја откриваат. Никогаш не дозволувајте да бидете замаени или од она во што посакувате да верувате, или од она што сметате дека би имало благотворни социјални ефекти доколку би се верувало во нeго, туку гледајте ги само и само фактите.
Моралното е многу едноставно. Би рекол: љубовта е мудра, омразата е глупава. Во овој свет, кој станува сè поповрзан, треба да научиме да се поднесуваме еден со друг. Треба да научиме да излеземе на крај со фактот дека некои луѓе кажуваат нешта кои не ни се допаѓаат. Само така можеме да живееме заедно, ако веќе сакаме да живееме, а не да умреме заедно: мора да научиме еден вид на добронамерност и толеранција која е апсолутно суштинска за продолжувањето на човечкиот живот на оваа планета.