Таг: Бертранд Расел

Реални интервјуа со луѓе кои живееле во 1800-тите

На светот (колку што знаеме) веќе нема луѓе што се родиле во 19 век. Во 2018 почина Таџима Наби, Јапонка на возраст од 117 години, родена во 1900-та технички последната година од тој век. Но затоа тука се подвижните слики и звукот како чувари на спомените на луѓето родени претходно.

Koга Бертранд Расел го сретна Ленин

Во 1920 Расел отпатувал за Русија како убеден комунист. Но по кратко соочување со практичното спроведување на таа идеологија малку се премислил.

Писмото од затвор на 89-годишниот Бертранд Расел до сопругата

Расел бил во затвор? Ова беше нашата прва реакција на веста за дигитализацијата и објавувањето на неговата кореспонденција од зад решетки, каде завршил на два пати во својот живот.

Како да не остариш?

Вообичаеното визуелно претставување на некој кој (демек) не старее е по малку тажно: стари луѓе кои чекорат по патеки послани со жолто лисје, такви кои облечени во шорцеви и стегачи околу глава се мачат на траки за трчање или се обидуваат да рапуваат. Но има и друг начин да не те снеможи мислата на стареењето, вели Расел.

На луѓето кои ќе ја дочекаат новата 2959

Во 1959 големиот британски филозоф (малкумина знаат дека во Скопје има улица со негово име), Бертранд Расел, во емисија на Би-би-си требало да одговори на следново прашање: „Што би ѝ порачале на генерацијата која ќе живее 1000 години од денес, за животот којшто сте го живееле, и за лекциите што сте ги научиле?“

Бертранд Расел: „Пушењето ми го спаси животот“

Во 1959., Бертранд Расел, британскиот логичар, математичар и историчар, кој тогаш имал 90 години и Нобелова за литература, сè уште можел да даде добро интервју. Во ова зборува за еден од неговите (ретки) „конвенционални" пороци - пушењето луле, и како оваа негова навика во една ситуација му го спасила животот.