Петте најважни бројки во следните 100 години

Бибиси проценува дека ова се цифрите што ќе ги дефинираат претстојните 100 години и што ќе се случува во нив.

 

Популација
Годинава на светот има 83 милиони луѓе повеќе отколку минатата, што е исто како да си додал уште една Германија на планетава. До 2100 година според ОН на светот би требало да има 11,2 милијарди луѓе. Второто сценарио е дека ова е конзервативна процена и популацијата ќе достигне 16,6 милијарди. Третото сценарио е дека популацијата ќе почне да опаѓа и во 2100 ќе изнесува 7,3 милијарди луѓе, што е помалку од денешната бројка од 7,5 милијарди.

 

Просечна старост
Во 1950 средната возраст на популацијата на планетава е 24 години, денес е 30 години, во 2100 се очекува да биде 42 години. Сличен раст ќе има и кај просечниот животен век кој денес изнесува 72 години, а во 2100 се очекува да порасне на 83 години. Ова значи повеќе стари луѓе, чија пониска стапка на плодност ќе значи и раѓање на помал број луѓе што ќе ги заменат.

 

Живеалиште
До 2030 ќе има 41 мега-град со повеќе од 10 милиони луѓе. До 2050 две-третини од луѓето (6,3 милијарди) ќе живеат во урбани области. Овие 6,3 милијарди градска популација доколку се сместени во супер-збиени градови со ист број на жители на метар квадратен како денешен Мумбај ќе ги собере на површина со големина на Британија.

 

Извори на енергија
Денес 86% од енергијата што ја трошиме доаѓа од фосилни горива, а на обновливи извори отпаѓаат околу 10%. Останатите 4% одат за нуклеарните централи. Позитивно е што имаме рапиден раст на обновливите, па во 2015 глобалната потрошувачка на соларна енергија беше за 7,5 пати поголема отколку во 2010. Предвидувањето е дека овој раст ќе продолжи и во иднина.

 

Вработување
Она што изминатите децении беше страв од префрлање на работните места од САД во Кина, во идните децении ќе биде страв од губење на работните места од автоматизација. Истражување на Оксфорд покажува дека речиси половина од американските работни места (47%) наскоро ќе можат да им бидат префрлени на роботи или компјутери. Во најголема опасност да ги изгубат своите работни места во следните две децении се луѓето во теле-маркетинг (99%), сметководителите (94%) и таксистите (89%).

3 април 2017 - 13:02