„Иднината е прекрасна, иднината е морничава“ - ова е мотото на анкета спроведена помеѓу 105 интердисциплинарни мислители, за тоа кои се нивните најголеми стравови, но и надежи за иднината. Групата вклучува истражувачи на околината, компјутерски инженери, научници од областа на биологијата медицината, историчари, адвокати, музиколози, палеонтолози, дигитални уметници и еден астронаут. Тие во најголем број (69) се од САД, но има и такви од Африка, Тајван, Индија. 56 се жени а 49 мажи.
Нивните одговори се сумирани по професии. Одбравме некои од нив:
Футуристи и историчари
Страв: Притиснати сме од различни мислења, и веќе не постои споделена реалност. Да се научи критички да се мисли веќе не е доволно за обемот на проблемот. Климатските проблеми ќе предизвикаат огромни системски последици. Си ја раздаваме иднината, а мал број луѓе изгледа се секираат за тоа.
Надеж: Почнува да се става поголем акцент на културите на домородното население. Можен е различен начин на живеење еден со друг и со земјата.
Информатичари
Страв: Има приказна за пар антрополози кои живееле со племе на работ на исчезнувањето во Амазон, учејќи го нивниот јазик и создавајќи фонетски записи, речник и граматика за да се избегне неговото згаснување. Кога домородците се слушнале себеси како го кажуваат на глас името на своето племе, ужаснати дека неговиот дух е заробен со оваа алхемија, скокнале и почнале да бегаат. Ние подеднакво не го разбираме она што го создаваме, како и последиците на нашата компјутерски аугментирана концептуална примитивност.
Надеж: Имаме шанса да ги надминеме проблемите ако ги дизајнираме нашите системи така за да бидат флексибилни, а не оптимални. Треба да селектираме и да обучуваме интердисциплинарни мислители кои знаат како да им ги претстават комплексните концепти на оние кои ги носат одлуките, а кои се преоптоварени за да мислат на тој начин.
Дигитални уметници и писатели
Страв: 👥👥👥👥 🔁 🅾️🦎 ◀️ ❌❌, ⌛️⏳⌛️⏳, 🚫 🆕 ➕ 🤔🍺 💡💡 🏌️ ©️ 🅾️-👣️-♑ ☮️ 🔛 🌍🌎🌏.
Превод: Човечкото повторување на минати грешки, одново и одново, кои не оставаат простор за промислување и коегзистирање во мир на Земјата.
Надеж: 👩🏿💻👩🚀👨🏽💻, 👨🏽🔬🤔👩🏾🔬👨🏫 ➕ 👨🏽🎤👩🎨👩🏽🎤, 🤜🤛🏽 🏗️ 👄👅👀👆👃🏿👂 📱🤳📡🔭🛰️🚀 🅾️🦎📶🕸️🔗🌐☁️➕🌕👽🌱✝️🎩📈🕘🕙🔬 🅾️🦎💥☄️🐒🤰🏿💃🏽🕺🏿💀🤖🌞🌌.
Превод: Технолозите, уметниците и научниците заеднички вршат мулти-сензорни истражувања на виртуелниот и вонземскиот живот што го зголемува обемот на нашето постоење
Страв: Легализирана канибализација на човекот - можноста радикално да ги прошириме практиките на создавање и комерцијализација на живот, вклучително и на човечки клетки и ткива. Најпрвин, ќе се користи „информирана согласност“ за да се овозможи трансфер на овие сирови материјали до корпоративни ентитети кои ги користат за профит. Подоцна, информираноста и приватноста ќе се баталат во име на ефикасен трансфер.
Надеж: Радикална креативност - новата генерација мислители ќе излезе од рамките на постоечките дисциплини и ќе го смени начинот на кој ги замислување нашите иднини.
Општествени и хуманистички науки
Страв: Зомбификацијата која ни ја прави вештачката интелигенција, која самите ја имаме програмирано така за таа да еволуира и да нè манипулира. Овие алгоритми ќе станат подобри психолози отколку што може да биде кој и да е човек, и навистина немаме начин да предвидиме какви последици може да има ваквото масовно манипулирање со човечките мозоци.
Надеж: Дел од човечкиот императив е да создава, но некогаш иновацијата бара и регулација која штити од штетните ефекти. Голем број индустрии веќе ја преземаа одговорноста за регулација, која има потенцијал да ги ограничи негативните последици од новите технологии.
Биолози и истражувачи на животната околина
Страв: Недостаток на почит, разум и поврзаност еден со друг и со околината.
Надеж: Здрави меѓучовечки врски и мотивација за иновирање во ситуација на колапс, мрак и болка. Желбата да се создава и да се применуваат древни и нови технологии, општествени и бихејвиорални иновации, контемплативни практики и политики кои решаваат најгорливи прашања. Интензивната креативност на младите и научно-фантастичната иднина која тие сонуваат да ја создадат.
И нашиот фаворит (на експерт за загадување на воздухот од Тајван):
Страв: Луѓе
Надеж: Луѓе
Сите одговори тука