Иако понекогаш изгледа како човештвото да поттикнува целосно уништување на животната околина, ризикот дека нашето неодговорно однесување ќе го уништи целиот живот на Земјата е сепак мал. Барем за некои суштества кои би го преживеале масовното истребување и климатските кризи, шансите за идна еволуција се големи. Со текот на времето, тие би се адаптирале на посуров свет кои ние сме помогнале да се создаде, прилагодувајќи се така за да излезат на крај со сите предизвици.
Некои од овие трансформации веќе се случуваат во текот на нашиот животен век. Климатските промени предизвикуваат менување на обликот на животните - намалување на обемот на некои птици-преселници забрзувајќи го животниот циклус на водоземците. Никој не може со точност да ги предвиди промените за растенијата и животните. Сепак, еволутивните биолози велат дека вреди барем да се замисли какви суштества би еволуирале во иднина, и тоа далечна иднина - милион години од сега.
Помеѓу преживеаните би можеле да бидат секакви видови глодари, но и бубашваби и гулаби. Оваа претпоставка се должи на фактот што овие животни сепак добро се држат и во моментов и покрај најлошото што ѝ го правиме на планетата. Но ако овие видови преживеат, тогаш тие би можеле да го надополнат еколошкиот простор кој е ослободен од истребените животни. На пример, ако тигрите бидат истребени во следните милион години, месојадните гулаби и стаорци би можеле да пораснат до големина на ноеви и би мезеле животни кои некогаш ги јаделе тигрите. Кога исчезнува едно животно тоа остава празнина во синџирот на исхрана која може да биде пополнета од други видови.
Луѓето го имаат зголемено генетскиот диверзитет на стаорците, кои понатаму би можеле да се прилагодат на загадување од тешки метали и радиоактивност или да јадат токсичен отпад. Кога животот на почвата ќе стане тежок, тие би можеле полека да се адаптираат на вода. Би го загубиле своето крзно или би им пораснале перки, со што би почнал развој на тела кои се соодветни за целосно преживување во, и под вода. Други морски цицачи, како фоки и китови, го имаат следено овој пат при својата транзиција од сувоземни во водни суштества.
Токму ова, анализата на минатото за да се предвиди иднината, е еден од елементите за градење хипотези на истражувачите. Кога немало (толку) луѓе на планетава, имало повеќе растенија и повеќе кислород. Тоа значи дека ако во иднина човекот исчезне, нештата би се вратиле на старо, или дополнително би се развиле. На пример растот на инсектите делумно зависи од концентрацијата на кислород во атмосферата, што значи дека во ситуација кога би имало значајно намалување на CO2 инсектите би можеле да развијат поголеми тела, па така да се појават богомолки со големина на зајаци, или мравки со величина на колибри.
Ова денес звучи екстремно, а визиите за иднината секако се само теории. Но можеби многу повеќе отколку со некакви екстремни теории би требало да се занимаваме со клучното прашање - каква иднина воопшто сакаме, и каде го гледаме нашето место во неа. Иднината не мора да им припаѓа само на огромни стаорци, гулаби и инсекти. Нивните облици би можеле да бидат навистина кул, особено ако луѓето бидат таму за да можат да им се восхитуваат.
извор