City 2.0, добитникот на наградата, е град на иднината. Во следните седумдесет години во светот ќе никнат онолку урбани населби колку што биле изградени во сета човечка историја, но многу поважно од тоа колку градови ќе бидат изградени, е какви ќе бидат тие. Посакуваниот град отприлика треба да ги има истите својства коишто би требало да ги има и еден привлечен маж - да е убав, чист и со смисол за хумор.
Откако визионерите од целиот свет се одзваа на повикот за давање предлози околу тоа кој би бил најдобриот начин да се развие концептот, на ТЕД конференцијата одржана на 29. фебуари на Лонг Ајленд беше соопштена и желбата на добитникот за тоа како да се потроши неговата награда. Намерата е следна: City 2.0 сака да создаде платформа која ќе ги обедини оние кои носат одлуки, компаниите, експертите, организациите и граѓаните, за тие да го замислат, а кој знае, можеби и некогаш да ја остварат идејата за совршен град.
Градовите се клуч за градење одржлива иднина, а не закана за човештвото, е ставот на ТЕД. Треба да ги поканиме во Скопје - можеби ќе сфатат дека нивната цел е веќе постигната.