Сместено помеѓу Апенинските планини и Јадранското море во централна Италија, гратчето Пиобико се избори за необична титула - светско седиште на грдите.
Во конкуренција на пешаци, луѓе на точак и луѓе во кола, најлошо си минува пешадијата, а од преостанатите два транспортни рода, овие во кола дишат повеќе загаден воздух отколку овие на точак.
Без воопшто да фрлат око на поединец, американски научници најдоа начин како да одредат каде живеат дебелите и тоа само со гледање населби на сателитска снимка.
Деновиве во временската прогноза за Истанбул беа најавени бура и град. Како излезе прогнозата, така низ градот започна масовното покривање автомобили со теписи, картони и се што ќе се најде. Луѓето се уште се под паника од невремето што ги снајде минатата година.
Решението за загадувањето на колите моментално е идентично со решението на проблемот со дебели луѓе. Како што дебелината се повеќе се решава со бутај колку сакаш само гледај да е здраво, така и загадувањето се решава со вози колку сакаш коли, само гледај да се електрични. Не може така за сè.
По повод 22 март, Светскиот ден на водата признаен во Обединетите Нации, и спортот има што да каже. Незаборавни и епски моменти на силен град кои не ги спречија спортистите да тераат по свое.
Само колку да е јасно, кога мислиме на вода крај која е убаво да се живее не мислиме на Вардар, туку нешто почисто, посино и по можност поморско. Додуша експертите велат дека дури и една обична фонтана среде град прави разлика.
Не, претставувањево на книгава нема, или барем нема намерна врска со претстојните избори. Едноставно, по претставувањето на првата книга во серијава текстови, за тоа како да раководиш со нарко-картел, оваа ни изгледаше како логично продолжение.
Мештаните на Бајина Башта се главните кривци што општината беше погодена од град, затоа што работеле за време на тешки верски празници. Ваквиот прониклив став е на претседателот на општината, Радомир Филиповиќ.
Во недела од 15:05 граѓаните на Лестер ќе ги живеат можеби најлудите 90 минути затоа што со евентуален триумф на нивниот тим на гостувањето на Олд Трафорд, титулата ќе биде и теоретски освоена. Еве што му препорачаа на тренерот Клаудио Раниери.
За чудо, постоат бројни студии кои ги испитувале факторите од кои зависи темпото на пешачење во различни населени места. Заклучоците се речиси еднозначни - сè е во економијата.
Од 2005. наградата ТЕД се доделува на исклучителни поединци, чии идеи и однесување можат да поттикнат некаква позитивна промена. Но во декември минатата година беше направен преседан: таа не замина во рацете на некој како Бил Клинтон или Џејми Оливер, туку стоте илјади долари ги доби една - идеја. Сега се знае и за што ќе се потрошат.