Жителите пред два дена ги снајде прилично сериозно невреме кое само беше надополнето со град, кој ја прекри земјата. Сето ова предизвика сериозни загуби во регионот, а жителите се жалат дека немаат помош од никого.
"Се што имав оденсе невремето, од малини па до овошките од кои живее. Тука многу ќе станат просјаци заради градот што нас нè уништи, прашање е дали ќе може да платиме данок или да купиме сол и шеќер.
Десетина мои соседи беа кај претседателот на општенината да молат за помош, а он ги прашал зошто работеле на празник?
Срамота, ни општина, ни ракети, ни држава," изјавил за Б92 жител на селото Пепељ.
Од српското министерство за земјоделие изјавиле дека по добивање на извештајот за штетата, земјоделците можат да очекуваат помош за надминување на последиците од невремето.