Тие успеваат да обучат вештачка интелигенција да ја открие врската меѓу градската инфраструктура и нивоата на дебелина, користејќи сателитски снимки и Гугл стрит вју. Нивното објаснување е дека преку „разбирање како планирањето градови влијае на дебелината, кампањите за подобро здравје и новите градежни проекти можат да бидат координирани за подобрување на здравјето на градот.“
За „обуката“ биле употребени над 150.000 сателитски снимки од шест града, како и 96 категории на точки на интерес како колонијали и продавници за миленици. Логиката е дека на пример област со повеќе продавници за миленици има повеќе жители кои шетаат кучиња. Сето ова било ставено во корелација со стапките на дебелина во секој од градовите.
Исто така алгоритамот поврзал области кои имаат повеќе зелен простор за пешачење и повеќе простор меѓу згради со пониски стапки на дебелина.