
Сообраќајот во градот било предвидено да се одвива на четири нивоа, поврани со спирални ескалатори: првото за пешаци, второто за бавни моторни возила, третото за брзи возила и четвртото за електрични возови. На пониските спратови од облакодерите се сместени канцеларии, па училишта и станови. Наместо паркови и игралишта, планирани се широки тераси со зеленило и по некој чадор за сончање.
„Минатото е странска земја. Ова е твојот пасош", вели слоганот на мапата. Единствено што не го забележавме на неа се историски споменици. Или тие беа пасош за минатото?