Таг: футуризам

Како ултра-богатите планираат да се спасат од Апокалипсата?

Убаво е да мислиме дека во случај на белја топтан ќе се префрлиме на Марс, или ќе имаме шанси топтан да си ги аплодираме мозоците на суперкомпјутери како Курцвејл. Многу поверојатно е тоа да го сторат оние кои веќе се подготвуваат за такво сценарио. И се полни со пари.  

Книгата од 1968 што се обидела да ја предвиди 2018

Во мај 1968 во хотелот Хилтон на Менхетен илјада „лидери и идни лидери“ биле поканети на конференција организирана од Асоцијацијата за надворешна политика (FPA). По повод својата 50-годишнина, таа организирала тридневен собир на експерти, и од нив побарала да дадат свои предвидувања за следните педесет години. По конференцијата излегла и книга, под наслов „Кон годината 2018“.

Писателот од раниот 20 век што ја предвиде ерата на интернет

На денешен ден, 07.06, во 1970, починал Едвард Морган Форстер, британски автор на романи по кои се снимени славни филмови. Но еден негов помалку познат расказ зборува за феномен за за кого во негово време немало ни име. Денес го викаме - интернет.

Се создава класа од бескорисни луѓе

Во иднина луѓето ќе пијат апови кои ги прават среќни и на глава ќе носат кациги за виртуелна реалност. Што е, нели, многу различно од денешниот модел кога по цел ден висат на Фејсбук и се палат на чудотворни лекови кои лечат и од смрт.

The Snowpiercer (2014)

Футуристичка трилер-акција во стилот на Матрикс или Игри на гладта, со дизајн како кај Вес Андерсон, и со алегориски и сатирични тонови, кои лесно ќе ги препознаете. Особено ако сте од задните вагони на возот кој забрзано ита, кон никаде.

Градовите се иднината на човековата еволуција

Пред 7.000 години луѓето почнуваат да живеат во урбани населби. Како што еволуирале луѓето низ милениумите, така еволуирале и градовите. Ова не е завршено, градовите ќе продолжат да еволуираат, само наместо кулите од стакло и челик, поверојатно е дека тие ќе наликуваат Мачу Пикчу.

Како 1925. ја замислувала 1950.

Списанието Popular Science Monthly во 1925. објавил инфографик, со футуристички приказ на град, кој требало да се оствари за само 25 години.