О.Н. проценува дека во 19-от век само 3% од населението живеело во градови, денес оваа бројка е над 50%, а до 2050-та би требало да биде околу 67%.
Овие бројки значат и сериозно поразлични проблеми за иднината на урбаниот живот. Од една страна, заради се поголемата населеност природните несреќи ќе предизвикаат поголеми жртви отколку во ретко населените рурални заедници.
"Значи градовите на иднината ќе треба да бидат по робусни против многу видови на катастрофи, од земјотреси и поплави, до бомбардирање со радијација (од Сонцето). Можно е дека голем број од градовите делумно ќе бидат изградени под земја или под вода. Тие дури може да бидат сместени во еден зграда, опкружена со фарми. Не само што ваквите структури ќе ни дозволат да заштедиме простор, туку слоевите земја и вода се одлична заштита од радијација."
Најголем дел од футуристите дизајнери и архитекти, веруваат дека градовите од иднината ќе ги преживеат овие катастрофи делумно и со менување на материјалите кои ги користиме за нивна изградба. Наместо мртви дрва, ќе користиме живи дрва, комбинирани со генетички модификувани алги и други растенија кои би требало да ја исчистат водата или воздухот, а освен ова и да создаваат енергија.
Рејчел Армстронг во својата нова книга, опишува она што го нарекува "жива архитектура," според која градовите се изградени од полуживи материјали кои сами можат да ги поправат своите пукнатини или да се заздрават себе кога се оштетени од земјотрес или од секојдневно користење. Таа предлага и проекти како спасување на Венеција од потоп со изградба на жив гребен под градот.
Слични идеи има и њујоршкиот архитект Дејвид Бенџамин кој соработува со студенти од Универзитетот во Њујорк и групата био-архитекти The Living.
"Тој ги замислува градовите од иднината како антички руини. Модификувани лози и мов ќе ги покриваат високите згради, притоа произведувајќи чиста вода и енергија. Нивните ѕидови ќе бидат нерамни и со белези од годините само-лекување на материјалите."
Со текот на вековите најголемиот дел од градовите и на други начини ќе наликуваат на раните урбани населби. Тие ќе бидат опколени со фарми. Предградијата ќе бидат заменети со мали и одржливи фарми кои делумно ќе го хранат градот. Овие фарми би ги намалиле и трошоците за увезување на храна, и би ги направиле градовите колку е можно по самоодржливи.
"Еволуцијата од денешните во идните градови е комплицирана и ќе вклучува до сега невидена интеграција меѓу синтетичка биологија, урбано планирање и дизајн. Градовите можат да еволуираат заедно со човештвото, а човештвото од своја страна ќе направи градовите повеќе да наликуваат на живи организми," објаснува Annalee Newitz, авторот на Scatter, Adapt and Remember: How Humans Will Survive a Mass Extinction.