„Најмалку сакам кога треба да предавам за иднината ама понудата не можев да ја одбијам“, пишува во Гардијан еден професор кому му била понудена сума колку полугодишна професорска плата за на одбрано друштво ултра-богаташи да им раскажува каква е иднината и што таа сè може да донесе.
Групата слушатели се состоело од само петмина фаци од горните ешалони на моќни инвестициски фондови. После неколку уводни општи прашања за идните техологии, тие проговориле за она што навистина ги интересира:
„Како да знам дека обезбедувањето на мојот пост-апокалиптичен бункер ќе ми биде лојално и нема да се сврти против мене?“, прашал еден од нив кој веќе го завршувал градежните работи на такво засолниште па го занимале детали: како да ги плаќа чуварите кои ќе го бранат од гневните банди ако парите веќе немаат никаква улога, дали треба да набави роботи чувари, со какви шифри да ја чува храната и слично.
Ова друштванце не ги занимало она што другите обично ги интертесира во врска со иднината на технологијата: дали да инвестираат во блокчеин, 3Д печатењето, Crispr... Повеќе го занимало дали во случај на Апокалипса побезбедна е Алјаска или Нов Зеланд. Дали мозокот на Курцвејл се чува во Гугл и дали тој ќе ја задржи свесноста во периодот на транзицијата или пак ќе умре па повторно ќе оживее..
„Што после Настанот?“ им било главното прашање. А „Настанот“ им е еуфемизам за сè: колапс на човековата средина, удар на метеор, нуклеарна експлозија, незапирлив вирус, општо хакирање на системите....
За овие милијардери тоа е суштината на идните технологии: како да избегаат. Во нивниот свет, сите тие прекрасни чудесии кои се случуваат во технолошкиот напредок на човештвото треба да се фокусираат во една точка: како да бидат Ноева арка за одбраната елита.
И тие се подготвени да платат за тоа.