Таг: ТЕД

Корисноста од создавање бескорисни работи

Симон Гирц е инженер и една од најфантастичните појави на Јутјуб, каде најчесто ги презентира своите никако употребливи роботизирани изуми од типот шлем за миење заби, кој не функционира, или аларм за будење со шамарање, кој технички функционира. Симон има цела филозофија зад потребата од бескорисност.

„Лејди Гага на француската математика“ во Македонија

„Во петок, 7 април во МАНУ ќе се одржи предавање на славниот математичар Седрик Вилани, под наслов Уметноста и математиката“, гласи поканата која некако стигнала во нашето сандаче. Темата, како и фотографијата со човек со свилена машна, брош во форма на пајак и стаклена кугла, кој сосема отстапува од стереотипниот лик на математичар, нè натераа да прочепкаме. Кој е тој Седрик Вилани?

Сè што ќе слушнете на филм е лага

Немој да се кладиш, ама не можеш да разликуваш звук на дожд од звук на пржење сланина.

Tи не си креативен гениј!

Дали кога сте се обиделе нешто да напишете сте се почувствувале како мазга што влече невлидлив товар, обидувајќи се со сите сили да извадите од себе нешто што никако не сака да излезе? За сите оние кои потклекнале пред овој напор, има решение - да знаеш дека сето тоа не зависи (само) од тебе.

Зошто го игнорираме очигледното?

Во книга под истоимениот наслов Маргарет Хефернан ги истражува менталните и емоционалните механизми преку кои одбираме, понекогаш свесно а понекогаш не, да замижиме во ситуации во кои „сме можеле да знаеме, и сме требале да знаеме, но не знаеме, затоа што тоа незнаење нè прави да се чувствуваме подобро“. Знаете за што зборуваме, нели?

Потеклото на иксот

Не потеклото на буквата, туку потеклото на нејзината функција како симбол што означува нешто непознато. Како и куп други паметни работи што ги користиме ама поим немаме од каде доаѓаат, и на ова корените му се во арапскиот свет. П.С. Сте чуле за ал џабра? Нормално дека да, само што во не арапскиот дел од светот ја викаат - алгебра.

ТЕД црквата

Во Ванкувер од денес почнува 5-дневната ТЕД конференција. Влезницата за целата конференција чини 8.500 долари (не е грешка), ама тоа е најмал проблем во целиот просец на аплицирање и добивање влезници, во кој треба да одговориш на прашање како "Како твој пријател би ги опишал твоите постигнувања?"

Kaко да звучиш паметно на ТЕД?

Говорите на ТЕД си имаат фатено некаков терк, кој деконструиран истовремено делува и прелесен за изведување, и некако глупо. Ама лесно е да се потсмеваш со структури, оди создади содржина да те видам...