Од древни времиња до денес се составува список на маани и доблести кои ги чинат луѓето - луѓе. Де ја прилагодувале природата со алатките на културата, де имале повисока етика за разлика од животните кои имале само инстинкти, де оделе исправено. Ама може има и нешто што овие теории го испуштиле.
Зе Френк, комичар, композитор, во моментов претседател на BuzzFeed Motion Pictures, ќе ви постави неколку прашања. Ваше е на нив искрено да одговорите ако сакате да процените дали и во која мерка сте човек. Колку за подготовка, еве неколку од нив:
- Дали некогаш сте направиле тивок, чуден звук, кога сте се сетиле на нешто непријатно?
- Дали некогаш сте облекле пантолани и дури подоцна сте сфатиле дека од нив виси заборавена чорапа, што ви се вовлекла во ногавиците?
- Дали некогаш ви снемало батерија на мобилниот среде расправија, и сте се почувствувале како телефонот да ви раскинува на двајцата?
Ова се некои од полесните. Има и потешки. Ама па..луѓе сме.
Поврзано: „Тешко е да се биде човек, а уште потешко да не се биде“