Вил Стивен, кој пишува за Њујоркер и Колеџ Хумор, во овој мета-говор од ТЕДх Њујорк (ноември 2014), го покажува рецептот за тоа како да не промашиш при каква и да е презентација, дури и ако зборуваш за - ништо! Малку статистика, па неколку први-ми-излегоа-на-Гугл фотографии, зачинето со анегдоти, подместување на наочарите (кои се само рамки) и сето тоа финализирано со некаков инспиративен заклучок.
Но иако е лесна мета на потсмев, оваа структура воопшто не мора да е смислена, туку често се наметнува спонтано. Работата е што дури и кога пауер поинт-от ќе ти откаже сред презентација, пак има и такви кои мислат дека тоа е намерна финта.