Вести

ЕУ ја спакува и амбалажата во бирократија

Економистите, бизнисмените и стопанските комори со години попусто се жалат дека Брисел и Берлин со секоја нова директива уште повеќе ја гушат економијата. Есенската сезона на реформи носи нови апсурдни закони што ги излудуваат фирмите, како воведувањето „комесар за амбалажа“ и обврската за овластени претставници во сите 27 членки на ЕУ.

Потонаа акциите на „Трамп медиа“

Вредноста на акциите на фирмата зад социјалната мрежа на Трамп упорно паѓа по поразот на републиканците на изборите за Конгресот. Паднаа на 4 долари, од 80 долари, колку што вредеа пред две години. Инвеститорите се жалат дека се предадени. Вредноста на акциите на Truth Social на берзите сега се следи како барометар за популарноста на Трамп меѓу Американците.

Нов закон во Белгија:

Затворени врати повеќе нема да спасат мигранти од депортација

Белгиските пратеници го изгласаа контроверзниот закон со кој на службата за имиграција ѝ се овозможува ненајавено да упаѓа по приватни домови за да приведува нелегални мигранти што добиле налог за депортација. Претресите ќе бидат ограничени на лица на кои им е одбиено барањето за азил во Белгија и кои се сметаат за закана за јавната безбедност.

Речник

Демократите добија моќ да го сменат изборниот систем во САД

Изборното „сино цунами“, со кое ја презедоа командата на Конгресот на САД им овозможи на демократите да спроведат изборна реформа која некогаш се сметаше за невозможна: да го отфрлат архаичниот и непопуларен Изборен колеџ. Веќе од 2028 година претседателот на САД би можел да биде избран со мнозинство гласови на национално ниво.

Левицата бара Германија да плаќа „климатски репарации“

Партијата на левицата не се откажува од напорите да го продлабочи чувството на историска вина меѓу Германците. Сега бара од владата во Берлин да се обврзе да им плаќа отштета на сиромашните земји низ светот затоа што Германија низ сопствениот индустриски развој во изминатите два и пол века претерано испуштала гасови од фосилни горива. 

Армијата на САД вежба масовни погребувања војници

Инженерски единици на американската Армија повторно почнаа да обучуваат да копаат привремени масовни гробници на бојно поле, активност што ниту се практикувала ниту била потребна уште од Корејската војна во 1953 година. Низ обука поминуваат и свештеници. Целта е да се зачуваат телата на паднатите борци и достоинствено да се испратат со верски обреди. 

Би ја предале возачката на пет години за 25.000 евра?

Во обид да го реши сообраќајниот колапс, најмалата земја-членка на Европската Унија започна контроверзна програма. Владата им нуди на младите возачи огромен паричен стимул доколку доброволно се откажат од своите возачки дозволи и се обврзат да не седнат зад воланот во следните пет години.

Како воjната во Иран ја сруши либералната фасада на Дубаи

Иако Дубаи важи за убедливо најлибералниот од седумте емирати на ОАЕ, чуден е информативниот мрак од таму, иако многу медиумски куќи имаат свои бироа. Се запираат луѓе на улица за да им се проверат телефоните, луѓе се апсат за споделени фотографии во приватни групи. Емиратите сакаат по секоја цена да ја зачуваат сликата за себе како рај среде блискоисточниот пекол.    

Дали Џони Кеш го уби човекот во Рино?

Некои од познатите американски рапери - Травис Скот, Килер Мајк, Т.И., Јанг Таг, Фет Џо - доставија поднесоци до Врховниот суд на САД барајќи судиите да го спречат погубувањето на Џејмс Броднакс на 30 април. Тврдат дека неговиот случај е пример за поголем проблем во американските судници: употребата на рап текстови како доказ во судски процеси.

Форин Полиси: Трамп ја губи војната во Иран

Иранската стратегија отсекогаш го почитувала фактот дека на чисто воено поле, не можат да ги победат САД и Израел. Но, на Техеран му беше јасно дека негов адут е способноста да ја запалат чергата и да нанесат сериозна економска главоболка во врска со цените на нафтата, гасот и другите суровини. Како ли Трамп поверува дека Иран е само уште една Венецуела?

Светот е во епидемија на осаменост

Речиси секој шести човек во светот се чувствува осамено, а повеќе од 870.000 смртни случаи годишно се поврзани со тоа, велат податоците на Светската здравствена организација. Познавачите велат дека епотребно да се прави разлика меѓу самотијата и осаменоста. Човек може да биде опкружен со куп луѓе а сепак да се чувствува осамен. Особено на социјални медиуми.

САД ќе кратат од здравството за да ја платат војната во Иран

Републиканците подготвуваат амбициозен буџетски проект кој можеби ќе тежи и 200 милијарди долари за да се плати воената екскурзија на Трамп во Иран и амбициозните и скапи имигрантски политики. Ама, не стасуваат пари ако од некаде не се скратат. Загледани се во 30 милијарди долари од здравството.

Хегсет пробал да инвестира пари во фонд кој зависи од Пентагон

Личниот брокер на американскиот министер за одбрана, Пит Хегсет, во февруари оваа година контактирал со „БлекРок“ за трансфер на мултимилионска инвестиција во нивен менаџерски фонд од воената индустрија. Во фондот удел имаат компании чиј главен клиент е Пентагон. „Криминалци. Од прв до последен,“ коментира еден професор по право. 

БиБиСи против кучињата

Во време кога беснее глобално опасната војна во Ирак и Блискиот исток а енергетската криза допрва фаќа нагорна спирала, британскиот јавен бродкастер реши дека тема која треба прописно да ја покрие се кучињата односно дали на четвороножните човекови пријатели им се допушта премногу јавен простор. Некои тврдат дека и ова е сигнал за растечкото влијание на исламот на островот.

Кина брзо ги престигнува САД како светска научна суперсила

Доналд Трамп и неговата администрација „ја среди“ науката со булдожер: избриша повеќе од 7.800 грантови за истражување, намали 25.000 научници од владини агенции и најави десетици милијарди долари дополнителни намалувања на научните средства. Тоа лесно би можело да се врати како бумеранг а веќе постојат рани знаци.

Дали Америка води Света војна?

Папата во последно време е сè поексплицитен во осудата на конфликтот во Иран. На последната миса пред Велиген, ги осуди оние кои тврдат дека може да се води војна во името на Исус.„Браќа и сестри, ова е нашиот Бог. Исус, Крал на мирот, кој ја отфрла војната, кого никој не може да го користи за да ја оправда војната“.

Израел воведе смртна казна за Палестинци

Израелскиот парламент усвои закон со кој смртната казна со бесење се воведува како задолжителна казна за смртоносни напади. Но, има уште еден услов: мотивот на тој напад да бил „крај на постоењето на Израел“. Тоа практично значи дека смртна казна ќе се изрече за Палестинците, но не и за еврејските Израелци кои извршиле слични злосторства.

Стратегијата на Трамп е фрлање зарови

Постојат многу причини поради кои Германија ја изгуби Првата светсака војна но историчари се согласуваат дека една од најважните е што планот, иако брилијантно осмислен, немал резервна варијанта. План Б нема ни Доналд Трамп во Иран. Ако воопшто некогаш имал и план А.

Ботовите и ВИ официјално го преземаа интернетот

Рапидно се зголемува интернет содржината зад која не стојат човечки корисници туку ботови и вештачка интелигенција. Луѓето сè почесто им се обраќаат на чет-ботови за секојдневни прашања па ВИ сообраќајот се зголеил за 187 проценти додека автоматизираниот сообраќал лани растел осум пати побрзо од оној кој го создаваат луѓето.

Америка има претседател кој нејќе „да се троши“ со читање

Уште од неговиот прв мандат беше познато дека Доналд Трамп е „алергичен“ на читање. За да го намамат да ги прочита дневните брифинзи, неговите помошници се служеле со трикчиња - во материјалите му вметнувале слики и документи со неговиот потпис (кој обожава да го гледа). Денес е бетер. Наместо сериозни анализи за ситуацијата, му пуштаат двеминути видевца. 

Колапсот на дубајската фатаморгана

Дубаи со години се преправаше дека живее со глава високо дигната над регионот во кој се наоѓа. Светкав меур кој лебди над Блискиот Исток, недопрен од хаосот околу него. А потоа дојде 28 февруари, иранските балистички ракети го распараа небото над него. Илузијата не преживеа ни едно утро. Парите и небодерите не купуваат гео-политички имунитет. На ракетите не им е гајле за брендирањето. 

Смртта на Спотифај

Со оглед на денешната апсолутна доминантност на платформите за стриминг на музика, вакво предвидување се чини блесаво, но токму тоа го предвидува еден од највлијателните луѓе во тој бизнис. Моделот има финансиска „фабричка грешка“, ги фаворизира мега ѕвездите а ги изгладнува сите други. Досега се бараа начини како милион луѓе да ти ја слушнат песната еднаш. Во иднина ќе се бараат илјада души што ќе те слушаат засекогаш.

Шпанија ги еутаназира силуваните

„Системот потфрли“ е џокер кој кај нас папагалски го повторуваат површни новинари, самонаречени аналитичари и самобендисани политичари, како адамов лист со кој се покриваат секакви гадости што се случуваат овде, од кочанската трагедија до трагедиите на оние кутри девојки кои загинаа во последно време. За разлика од кај нас, во развиени земји системот главно функционира. Само што чувството на гадење не секогаш е помало.   

Варуфакис: Прва задача е да се запре својата банда

Јанис Варуфакис пишува дека тоа што е и против режимот во Иран и против бомбардирањето на Иран не е седење на две столчиња. Теократскиот режим во Техеран е брутален ама е резултат на  70 години западна ароганција и агресија. Кога се осудуваат две страни во една беља, поштено е прво да се осудат „своите“, оние кои ти ги плаќаш. Жените во Иран сигурно нема да бидат ослободени од бомбите што  им паѓаат врз глава. 

Победник во војната на Америка против Иран е - Русија

Војната со Иран ѝ даде на руската економија неочекуван финансиски адреналин. Високите цени на нафтата ги полнат касите на Кремљ, помагајќи да се затвори дупката во федералниот буџет и да се одржи военото темпо во Украина. Февруари за Русија беше бандаж со приходи од нафта (30 проценти помалку од претходната година). За среќа по Кремљ, Трамп реши тоа што реши.

Трамп: Го преценувате Обама, јас сум попаметен

Паметен човек не зборува дека е паметен, исто како што силен човек не се фали дека е силен или пак богат човек дека е богат. Ама има и поинакви, како Доналд Трамп на пример. Полагал тест за утврдување на когнитивната кондиција и одушевен е како го поминал тестот. Ако немало кој да му пише петка на рачето (а имало), сам би си ја пишал. 

Берзански манипулации во војна се национално предавство

Се уште нема истрага за сомнителните тргувања со нафта во минутите пред ненадејната изјава на Трамп дека се преговара со Иран. Таа информација не ја знаел никој освен луѓето од најтесниот круг околу Трамп. За нобеловецот Пол Кругман, ова не се обично инсајдерско профитирање, кое е казниво со закон. Тргувањето со најстрого доверливи информации е национално предавство.

Три милиони години немало врска помеѓу CO2 и глобалната температура

Анализа на прастари ледени јадра на Антарктикот ги разбиваат теориите што послужија како основа за иницијативата за нето-нула емисии на стакленички гасови. Концентрациите на метан и на јаглерод диоксид во атмосферата останале речиси непроменети 3 милиони години - време во кое Земјата поминала низ Леденото доба и трпела големи температурни шокови. 

Шведска ќе протерува мигранти што не знаат да живеат поштено

Шведска денес ги трпи последиците од времето кога ги отвори портите за мигранти и им нудеше социјална помош за да се интегрираат. На гостопримството дојденците возвратија со криминал и престрелки. Стокхолм сега ќе им го одземa правото на престој не само на криминалците, туку и на оние што не живеат чесно - не плаќаат долгови или го лажат социјалниот систем.

Дузина американски бази на Блискиот Исток се практично неупотребливи

САД изградија 13 воени бази на Блискиот Исток за да го прошират влијанието и да ја гарантираат безбедноста на арапските сојузници. Сега овие бази не можат ни самите да се заштитат. По иранските напади повеќето се практично неупотребливи. Офицери и војници се префрлени да работат во хотели и цивилни канцеларии. Во базите останале само пилоти и механичари.