Светот е во епидемија на осаменост

Речиси секој шести човек во светот се чувствува осамено, а повеќе од 870.000 смртни случаи годишно се поврзани со тоа, велат податоците на Светската здравствена организација. Познавачите велат дека епотребно да се прави разлика меѓу самотијата и осаменоста. Човек може да биде опкружен со куп луѓе а сепак да се чувствува осамен. Особено на социјални медиуми.

Околу 16 проценти од светската популација, или една милијарда и триста милиони луѓе, се чувствуваат осамено, а според податоците на на СЗО, социјалната изолација влијае до една третина од постарите лица и до една четвртина од младите.

Секој час, стотина луѓе ги губат животите поради овие околности а ефектите на осаменоста врз здравјето се споредуваат со други значајни фактори на ризик. Таа не само што влијае на расположението и квалитетот на животот, туку и на физичкото здравје, го зголемува нивото на стрес, го нарушува сонот, влијае на имунолошкиот систем и го зголемува ризикот од хронични заболувања.

За  разбирање на феноменот, психијатри велат дека треба да се прави разлика меѓу осаменоста и самотијата.

„Осаменоста е субјективно доживување на недоволна поврзаност со другите додека самотијата е објективна состојба на физичка одвоеност. Човек може да биде опкружен со луѓе па сепак да се чувствува осамено“, појаснува психијатарот Дарко Марчинко. 

Со други зборови, не е пресудна количината на контактите туку нивниот квалитет. Осаменоста го одразува недостатокот на емоционална поврзаност. 

За потценување на овој проблем придонесува и тоа што луѓето ретко ја наведуваат осаменоста како свој главен проблем; наместо тоа користат поприфатливи термини како што се анксиозност или депресија.

Парадоксално, социјалните медиуми го зголемуваат проблемот. Живеењето со нив не носи помалку информации туку помалку психолошки простор за рефлексија.

„Осаменоста е можеби најболното чувство на човечка болка бидејќи припаѓа не само на емоционалното, туку и на филозофското ниво на искуството, вели психијатарот Берислав Тентор.

Осамените луѓе остануваат без „афективно ехо“, затворени во сопствениот круг, без препознавање и потврда од другите.

******
Прочитај:
Еленор Ригби и сите тие осамени луѓе

1 април 2026 - 14:03