САД ќе кратат од здравството за да ја платат војната во Иран

Републиканците подготвуваат амбициозен буџетски проект кој можеби ќе тежи и 200 милијарди долари за да се плати воената екскурзија на Трамп во Иран и амбициозните и скапи имигрантски политики. Ама, не стасуваат пари ако од некаде не се скратат. Загледани се во 30 милијарди долари од здравството.

Републиканците во Конгресот размислуваат за значително намалување на федералните трошоци за здравствена заштита како начин да се  пополнат дупките во амбициозниот буџетски проект за финансирање на војната во Иран и спроведувањето на имиграциските закони.

Ваков потег дефинитивно ќе предизвика сериозни контроверзи, отворајќи ја Републиканската партија кон незгодни критики во изборната година, иако, да се крати од здравствена заштита за да се плати војна во странство никогаш не е популарна мерка.

Републиканците лани исто така кратеа од здравството, длабоко засекувајќи во буџетот за Медикејд.

Сега се колнат дека ги разгледуваат само средствата кои оделе на измами, злоупотреба и непотребни трошоци во здравствениот фонд.

Една од мерките кои се разгледуваат би можела да обезбеди екстра 30 милијарди долари но би можела да остави зад себе 300.000 неосигурени лица.

Буџетскиот закон за кој се бараат пари е амбициозен и би можел да тежи 200 милијарди долари.

 

1 април 2026 - 11:41