Америка има претседател кој нејќе „да се троши“ со читање

Уште од неговиот прв мандат беше познато дека Доналд Трамп е „алергичен“ на читање. За да го намамат да ги прочита дневните брифинзи, неговите помошници се служеле со трикчиња - во материјалите му вметнувале слики и документи со неговиот потпис (кој обожава да го гледа). Денес е бетер. Наместо сериозни анализи за ситуацијата, му пуштаат двеминути видевца. 

Колумнистката на „Њујорк тајмс“, Џамел Буи, смета дека „неписменоста“ на Доналд Трамп има не мала улога во хаосот кој тој го прави во светот и неговата политичка и економска нестабилност.

„Тој реално не чита,“ потсетува таа на одамна познатиот факт од неговиот прв мандат, кога ги примал дневните претседателски брифинзи.

Во тоа време, неговите помошници барале начини да го натераат да чита па во материјалите му вметнувале фотографии и документи со неговото име.

Од тогаш, ситуацијата е само бетер.

„Трамп очигледно се има когнитивно влошено од неговиот прв мандат“, вели Буи. „Јасно е дека тој денес е уште понерасположен да чита нешто што бара трошење ментална енергија“.

Наведува и понов пример. Деновиве, наместо детален извештај за ситуацијата во Иран, на Трамп му пуштале двеминутни видео монтажи за „американскиот успех а не за пошироката слика“. Да биде уште полошо, Трамп сè почесто ги прашува своите генерали и службеници дали видеата и другото што го гледа на интернет се вештачка интелигенција или не.

Буи сугерира дека ваквото однесување наговестува пар клучни работи. Прво, тој добива скратени брифинзи на кои веројатно им недостасуваат детали и контекст.

„До одреден степен, Трамп лета на слепо“.

Понатаму, јасно е дека „тој има проблеми со разликување на фантазијата од реалноста - вистинските работи од генерираните работи“.

Буи се сомнева дека помошниците на Трамп го хранат со ѓубре од вештачка интелигенција кое е одвоено од реалноста, покажувајќи му на претседателот измислена реалност што ќе му се допадне, наместо фактички анализи кои би му ја разјасниле ситуацијата.

Да не знае човек што е полошо - да се има претседател кој е неподготвен или неспособен да ја погледне целосната слика, или тоа што е опкружен со луѓе кои се спремни да му прават да му е забавно со пригодни снимки. 

„Едно нешто што Трамп се чини дека го сака, дека му носи радост, е неговата способност да нанесува смрт и страдање на другите“, пренесува Алтернет.

30 март 2026 - 10:31