Доналд Трамп уште еднаш го подбра Барак Обама па на новинарите им кажа дека првиот црн претседател на Америка, образован на Универзитетите Колумбија и Харвард, „не е паметен човек“.
Додека се фалеше со сопствените когнитивни способности тврдејќи дека три пати имал перфектен резултат на тест, Трамп се пожали дека демократите како Обама, Бајден и гувернерот на Калифорнија, Гавин Њусам, нефер се паметат и третираат како паметни луѓе.
„Би сакал да видам секој што е претседател или потпретседател, или секој што има каква било шанса да биде претседател... да полага когнитивен тест“, рече 79-годишниот Трамп, чие здравје сè почесто се доведува во прашање.
Во стандарден налет на курч, Трамп рече дека некој од докторите му признал дека никогаш во живот не видел резултати како неговите (можеби работел само со лица со посебни потреби?).
Американскиот претседател опиша дека тестот почнувал со лесни прашања ама после доаѓале тешки задачи и комплицирани математички предизвици.
Инаку, се работи за стандарден MoCA (Montreal Cognitive Assessment) тест за детектирање благи когнитивни нарушувања што луѓе со нормална когниција лесно го поминуваат; меѓу другото, треба да знаеш да одземаш и да разликуваш што е животно, што не е.
Некогашни блиски соработници на Обама му одговорија на Трамп дека ако е толку паметен, нека најде начин да го поевтини бензинот бидејќи во времето на Обама, горивото никогаш не бил толку скапо.
А други и појако го тролаат.
Од „официјалниот“ когнитивен тест на Трамп:

Од неофицијалните когнитивни тестови на Трамп:
