Шпанија ги еутаназира силуваните

„Системот потфрли“ е џокер кој кај нас папагалски го повторуваат површни новинари, самонаречени аналитичари и самобендисани политичари, како адамов лист со кој се покриваат секакви гадости што се случуваат овде, од кочанската трагедија до трагедиите на оние кутри девојки кои загинаа во последно време. За разлика од кај нас, во развиени земји системот главно функционира. Само што чувството на гадење не секогаш е помало.   

Ноелија Кастиљо Рамос, 25-годишна Шпанка, почина деновиве со еутаназија. Шпанскиот закон им дозволува на полнолетните граѓани со „хронично или неподносливо страдање“ да добијат помош при умирање.

Кутрата Рамос, чиј краток живот е тажен од почеток до крај, секако ги исполнувала критериумите.

По разделбата на нејзините родители, на 13-годишна возраст, Ноелија била ставена под грижа на државата. Додека живеела во дом, прво била силувана од нејзиното тогашно момче, додека спиела. Во 2022 година, била групно силувана од три момци - настан што за неа бил пресвртница од која никогаш не се има опоравено.

Подоцна истата година, Ноелија се обидува да си го скрати животот со предозирање со лекови. Откако во тоа не успева, скока од прозорец на петтиот кат. Го преживува падот но останува параплегична (парализирана во долниот дел на телото) и во постојана болка.

Во 2024 година, нејзиното барање за еутаназија бива одобрено.

„Сакам да заминам и да престанам да страдам, точка“, изјави за шпанска телевизија.

Кога нејзиниот татко, Џеронимо Кастиљо, дознал дека на неговата ќерка ѝ е одобрена асистирана смрт, проба судот да ја поништи одлуката. Тврдел дека лошото ментално здравје на неговата ќерка - ѝ било дијагностицирано опсесивно-компулсивно растројство и гранично растројство на личноста - влијаело врз нејзината способност да донесе рационална одлука.

Тука е еден од парадоксите: шпанскиот правосуден на убијците им признава намалена одговорност ако имаат ментални проблеми, но се чини дека ова не важи за оние кои бараат асистирана смрт.

Осумнаесетмесечната правна битка на Кастиљо заврши со неуспех во март, кога Европскиот суд за човекови права даде зелено светло за еутаназија на неговата ќерка.

Постапката продолжи и заврши деновиве, со давање смртоносна инекција во медицинскиот центар Сант Пер де Рибес близу Барселона.

Она што го прави овој случај особено вознемирувачки не е само трагедијата на прераната смрт на една млада жена, туку и пораката дека ако сте се соочиле со злоупотреба, ако сте депресивни или имате попреченост, државата лесно ќе се согласи дека вашиот живот не вреди да се живее.

Државата попрво ќе ви помогне да умрете отколку да ви помогне да се опоравите или да живеете што е можно поцелосен живот.

Ноелија Кастиљо Рамос беше изневерена целиот нејзин краток живот. Оние кои беа задолжени за неа и нејзиното добро не успеаја да ја заштитат а потоа, кога последиците од тој неуспех за неа станаа премногу за да ги поднесе, ѝ помогнаа да се стави крај на нејзиниот живот. Законите за еутаназија во Шпанија продлабочија нови длабочини на моралната изопаченост“, пишува Џорџина Мамфорд.

Оние тројца која ја силувале, никогаш не беа ни барани ни најдени. Ноелија на времето ги немала пријавено. 

28 март 2026 - 13:42