„Од кафулиња, ресторани и трговии на мало… просторите кои се пријателски за кучиња се лесни за наоѓање“, започнува извештајот на BBC Wales. „Но, луѓето кои се алергични на кучиња или се плашат од нив, велат дека порастот на овие пет-френдли простори за кучиња е загрижувачки“.
Цитирајќи статистики кои ја одразуваат љубовната врска на Велика Британија со кучињата, БиБиСи забележува дека сè поголем број луѓе се чувствуваат „заробени“ во своите домови поради стравот од домашните миленици на другите луѓе.
„Што мислите?“ „Дали сè отиде малку предалеку?“, прашува репортерот.
Истата редакција објави и пишан текст за “ужасите“ од пријателството со кучињата. Се цитира извесна Аби Вилсон, млада жена од Вустершир, која вели дека не излегува од дома:
„Освен ако не сум 100 проценти сигурна дека местото не дозволува кучиња.... Не можам ни да излезам од влезната врата за да одам до автомобилот без да се чувствувам лошо и да се потам“, вели таа, опишувајќи ги симптомите на нејзината „кинофобија“, односно страв од кучиња.
Би било лесно да се отфрли ова како уште еден тривијален и неважен текст какви се мнозинството на вестите од Би-Би-Си во последно време, но приказната можеби е нешто повеќе од загриженост за кинофобите. Некои сугерираат дека ова би можело да биде уште еден одраз на растечкото влијание на исламот во Велика Британија - религија која ги смета кучињата за нечисти, пишува Хуго Тимс.
Звучи претерано но, министерството за животна средина, храна и рурални работи годинава објасни како планира да го направи англискиот селски предел „помалку бел“, притоа тврдејќи дека кучињата се една од главните пречки за Британците од етничките малцинства да уживаат во рурална Англија.
„На многу муслимани им е многу тешко да се справат со кучињата“, изјави советник на Лабуристичката партија.
Пред некоја година, велшката влада беше исмејувана за нејзиниот „Антирасистички акционен план за Велс“, во кој се повикува на воведување „зони без кучиња“ во парковите, со цел да ги направи - „поинклузивни“.
Џабе лаете, им порачува новинарот на Спајкд.
