Хегсет пробал да инвестира пари во фонд кој зависи од Пентагон

Личниот брокер на американскиот министер за одбрана, Пит Хегсет, во февруари оваа година контактирал со „БлекРок“ за трансфер на мултимилионска инвестиција во нивен менаџерски фонд од воената индустрија. Во фондот удел имаат компании чиј главен клиент е Пентагон. „Криминалци. Од прв до последен,“ коментира еден професор по право. 

Се работи за фонд од  3,2 милијарди долари и се фокусира на компании кои имаат корист од зголемените владини трошоци за одбрана и безбедност. Меѓу компаниите со најголеми удели  се добро познатите Локид Мартин, Нортроп, Палантир и други големи изведувачи кои за најголем клиент  го имаат Пентагон. Фондот бил лансиран лани во мај.

Контактот со БлекРок на брокерот на Хегсет се случил во неделите непосредно пред американско-израелската војна против Иран, војна за која Хегсет предничел во навивањето. 

„Трамп тврди дека шефот на Пентагон бил првиот во неговиот тим што предложил да почне војната“ (види овде

БлекРок спровел интерна истрага бидејќи се работи за високопрофилен клиент. Инвестицијата на крајот не се реализирала но обидот на министерот да профитира од војната која ја иницирал запали црвено светло на Вол Стрит, заедно со другите контроверзни берзански трансакции проследени со сомнежи за злоупотреба на инсајдерски информации (види: Некој дебело профитирал на берзите од изјавата на Трамп).

„Криминалци. Од прв до последен,“ напиша професорот по правни науки Дејвид С. Коен.

Други беа уште побрутални. 

„Шокантно е министер за одбрана да тргува со ебени акции и да се обидува да профитира од војна што помогна да се започне. Да се отпушти овој пијан идиот е гол минимум. Пит Хегсет треба да биде кривично гонет,“ смета Томи Виетор, ко-водител на „Pod Save America“.

Портпаролот на Хегсет го демантираше извештајот на Фајненшел Тајмс како „целосно лажен и фабрификуван“.

 

1 април 2026 - 09:26