Не е само нафтата туку и глобалната борба за снабдување со природен гас и вештачките ѓубрива - исто така пореметена од конфликтот во Иран - дополнително ги зголемува финансиските добивки на Русија.
„Најголемиот победник од конфликтот во Иран е Русија“, оценува Бен Кахил од Центарот за стратешки и меѓународни студии, тинк-тенк во Вашингтон.
Тоа што Кремљ сега може да продава претходно поевтинетата руска сурова нафта по полни пазарни цени е прилично голем пресврт за економијата, вели тој.
Неочекуваниот профит за јавните финансии на Русија доаѓа во клучен момент бидејќи пред војната со Иран, „Русија се движеше кон вистинска буџетска криза“, вели Александра Прокопенко, соработник во Центарот Карнеги за Русија и Евроазија.
Структурните проблеми и натаму постојат но Москва во секој случај купи драгоцено време. Руското министерство за финансии веќе сигнализираше дека кратењето на трошоците што се очекуваше за оваа година, ќе биде одложено до 2027 година.
Ова се лоши вести за Украина бидејќи приходите од нафта и природен гас сочинуваат приближно една четвртина од федералниот буџет на Русија и тие се клучни за финансирање на воената машинерија.
Пред војната со Иран, бројот на купувачи на руска нафта се намалуваше а клиентите бараа големи попусти, користејќи ги построгите санкции од Европската Унија и Вашингтон. Белата куќа исто така ја казни Индија, еден од најголемите купувачи на руска сурова нафта во последните години.
Тој притисок функционираше. Извозот на руска сурова нафта и нафтени производи во февруари падна на 6,6 милиони барели дневно, најниско ниво од почетокот на инвазијата на Украина во 2022 година. Приходите од извоз во тој месец паднаа за околу 30% во споредба со претходната година.
А после, како што призна Рубио, Нетанјаху го излета Трамп да го нападне Ирак.
За да го смени режимот.
Со оној режим со кој сега (тврди дека) преговара за крај на воната.