Вести

ЕУ ја спакува и амбалажата во бирократија

Економистите, бизнисмените и стопанските комори со години попусто се жалат дека Брисел и Берлин со секоја нова директива уште повеќе ја гушат економијата. Есенската сезона на реформи носи нови апсурдни закони што ги излудуваат фирмите, како воведувањето „комесар за амбалажа“ и обврската за овластени претставници во сите 27 членки на ЕУ.

Потонаа акциите на „Трамп медиа“

Вредноста на акциите на фирмата зад социјалната мрежа на Трамп упорно паѓа по поразот на републиканците на изборите за Конгресот. Паднаа на 4 долари, од 80 долари, колку што вредеа пред две години. Инвеститорите се жалат дека се предадени. Вредноста на акциите на Truth Social на берзите сега се следи како барометар за популарноста на Трамп меѓу Американците.

Нов закон во Белгија:

Затворени врати повеќе нема да спасат мигранти од депортација

Белгиските пратеници го изгласаа контроверзниот закон со кој на службата за имиграција ѝ се овозможува ненајавено да упаѓа по приватни домови за да приведува нелегални мигранти што добиле налог за депортација. Претресите ќе бидат ограничени на лица на кои им е одбиено барањето за азил во Белгија и кои се сметаат за закана за јавната безбедност.

Речник

Демократите добија моќ да го сменат изборниот систем во САД

Изборното „сино цунами“, со кое ја презедоа командата на Конгресот на САД им овозможи на демократите да спроведат изборна реформа која некогаш се сметаше за невозможна: да го отфрлат архаичниот и непопуларен Изборен колеџ. Веќе од 2028 година претседателот на САД би можел да биде избран со мнозинство гласови на национално ниво.

Левицата бара Германија да плаќа „климатски репарации“

Партијата на левицата не се откажува од напорите да го продлабочи чувството на историска вина меѓу Германците. Сега бара од владата во Берлин да се обврзе да им плаќа отштета на сиромашните земји низ светот затоа што Германија низ сопствениот индустриски развој во изминатите два и пол века претерано испуштала гасови од фосилни горива. 

Армијата на САД вежба масовни погребувања војници

Инженерски единици на американската Армија повторно почнаа да обучуваат да копаат привремени масовни гробници на бојно поле, активност што ниту се практикувала ниту била потребна уште од Корејската војна во 1953 година. Низ обука поминуваат и свештеници. Целта е да се зачуваат телата на паднатите борци и достоинствено да се испратат со верски обреди. 

Нарачуваат обвиненија против себе за да добијат азил во Германија

Корумпирани турски обвинители преку посредници им продаваат обвиненија на турски емигранти во Германија за да им помогнат да добијат азил. Документите се автентични, со печат и архивски број, но нема судски гонења. Со други зборови, „угнетувачите“ во турските судови соработуваат со „угнетуваните“ за да можат вторите да останат во Германија.

Американците не научија ништо од првата Танкерска војна

Додека Трамп планира да испрати борбени бродови да ги придружуваат танкерите за нафта низ Ормускиот теснец, историчари го потсетуваат дека Морнарицата пред речиси 40 години веќе се соочила со иранската Револуционерна гарда и не поминала добро. Американците денес имаат супериорна технологија, но се залетале во војна без клучното оружје – чистачи на мини. 

Градски птици со добра причина се навлекле на цигари

Некои видови птици што живеат во урбани средини развиле навика да собираат отпушоци од цигари. Не вдишуваат чад ниту го колваат тутунот и не се зависни од никотинот како пушачите. Токсините од отпушоците ги користат за прочистување на гнездата од крлежи, болви и други паразити. Ете барем некаква утеха за пушачите дека придонесуваат за поздрава природа.

За ЦИА на Бајден, белите домаќинки биле потенцијални терористи

Разузнавачите од администрацијата на Џо Бајден ги етикетирала белите американски домаќинки како потенцијални домашни терористи, покажуваат новообјавени документи на ЦИА. За закана за безбедноста се сметале „активизмот за право на живот и за промовирање на традиционалното мајчинство како најважна одговорност на жените“.

Америка забрани ви-фи рутери од странство

Американската федерална комисија за комуникации ги прогласи сите кориснички Wi-Fi рутери произведени надвор од земјата за „ризик за националната безбедност“, забранувајќи го нивниот увоз или продажба. Тоа не значи дека Американците ќе треба да го фрлат сегашниот рутер, но кога ќе дојде време тој да се замени, не ќе можат да бараат ТП - Линк (Кина), АСУС (Тајван), Фриц (Германија)... 

Техеран до Вашингтон: Преговарате сами со себе

САД му испратиле на Иран нацрт-план од 15 точки за крај на војната, што ја одразува желбата на администрацијата на Трамп да се извлече од конфликтот и да ги запре катастрофалните економски и енергетски последици. „Никој како нас нема да склучи договор со вас. Не сега. Никогаш“, одговори портпарол на иранската војска.

САД му плаќаат милијарда долари на „Тотал“ за да НЕ гради ветерници

Администрацијата на Трамп ќе му плати на „ТоталЕнерџис“ речиси 1 милијарда долари за да се откаже од проектот за изградба на огромни ветерни фарми на море покрај бреговите на Њујорк и Северна Каролина. За возврат, францускиот гигант се обврзува ќе ги пренасочи своите инвестиции во проекти за нафта и гас во Тексас и во Мексиканскиот Залив.

Некој дебело профитирал на берзите од изјавата на Трамп

Само 15 минути пред ненадејната изјава на Трамп дека САД преговараат со Иран за крај на војната, на берзите на нафта биле направени трансакции од над половина милијарда долари. Оние што ја продавале нафтата по 110 долари за барел се збогатиле, бидејќи цената веднаш падна на 84 долари. Сомнителни тргувања имаше и на денот кога почнаа нападите врз Иран.

Повеќе од 1.000 смртни случаи се на душа на мерките против ковид

Ограничувањата што британската влада во времето на пандемијата ги воведе како мерки за спасување животи, всушност предизвикале повеќе од 1.000 смртни случаи од состојби кои не се поврзани со коронавирусот. Луѓето биле доведени во заблуда и биле обесхрабрени да се прегледуваат и да бараат медицинска помош, дури и кога им бил загрозен животот.

Трамп му ја префрла на Хегсет одговорноста за војната против Иран

Се чини дека претседателот Трамп најде жртва во својот кабинет на која може да ја префрли вината за несфатливата одлука да почне војна со Иран. Тој тврди дека шефот на Пентагон бил првиот во неговиот тим што предложил да почне војната. Хегсет се вклопува во улогата на „жртвен јастреб“ како функционер што редовно ги фали воените „успеси“ на операцијата Епски бес.

Тивка дипломатија го притиска Трамп да преговара со Иран

Не помина ни еден месец од преговорите во кои Иран се откажа од нуклеарната програма и понуди економска соработка со САД. Трамп, под притисок на Израел, се реши на војна. Неколку илјади жртви подоцна, по огромни уништувања, воени трошоци и глобална нафтена криза, Трамп повторно е за преговори, но против себе има многу повоинствен режим во Техеран.

Пилешки прсти спасија албански криминалец од депортација

Нелегален албански емигрант кој одлежал две години затвор во Британија, победи во долгата правна битка со државата и доби право на постојан престој. Се повикал на Европската конвенција за човекови права и  ја оспорил одлуката за депортирање со бизарен аргумент – неговиот син се навикнал на британските пилешки прсти и не може да се врати во Албанија.

Трамп со измама собрал над 1 милијарда долари од мигранти

Администрацијата на Доналд Трамп се уште им наплаќа скапи апликации и барања на стотици илјади потенцијални мигранти, иако ниту законски може ниту има намера да им одобри визи и дозволи за престој. Со оваа измама САД веќе собрале над 1 милијарда долари. Од службениците во конзулатите се бара да молчат и да наплаќаат такси.

ФБИ купува податоци од мобилни за да следи луѓе

Шефот на ФБИ призна пред Сенатот дека федералната полиција купува комерцијално достапни податоци што откриваат точни локации и движења на луѓе за да може да ги следи во свои истраги. Ова се прави со години наназад, иако Врховниот суд во 2018 година забрани користење податоци за геолокации од мобилни телефони без судски налог.

Трамп ќе прогласи „победа“ ако го деблокира Ормускиот проток

Заканата од Доналд Трамп дека ќе ја уништи енергетската инфраструктура на Иран, заедно со испраќањето нови копнени трупи кон Персискиот Залив се толкуваат како јасни сигнали како САД и Израел сакаат да ја завршат војната – со целосна контрола на бродскиот сообраќај низ Ормускиот теснец и стабилизирање на глобалното снабдување со нафта.

Крајот на Канцеларијата

Во наредните година-две, милиони луѓе ќе останат без работа затоа што вештачката интелигенција ги направила непотребни. Факултетските дипломи ќе треба сериозно да се преиспитаат дали вредат за парите и откажувањата. Ќе има многу стрес, очај, гнев. Уште сега совет на инвеститори гласи: „Продадете сè што се состои од луѓе што седат на биро и гледаат во компјутер“.

ЕУ се спрема за бегалски бран од Иран и Либан

Војната со Иран и израелското бомбардирање врз Либан расели повеќе од 3,5 милиони луѓе од домовите и ги зголемува стравувањата на Европа од нова миграциска криза. Данска и Италија покренаа иницијатива до Брисел итно да воведе „итна сопирачка“ со финансиски пакет што би ги задржал бегалците подалеку од Европа и да воведе построги контроли на границите.

Њусом никако да го доврши мостот за пеперутки од 114 милиони долари

Калифорнија веќе четири години го гради големиот и веројатно најскапиот премин за диви животни „од планински лавови до пеперутки“ преку автопат и тој се уште не е поврзан со шумите. На гувернерот Гевин Њусом не му стаса првичната сума од 93 милиони долари за надвозникот, па од касата на сојузната држава доби уште 19 милиони. 

Маск ги измамил акционерите на Твитер

Со серија манипулативни пораки Илон Маск го довел во заблуда акционерите на Твитер и ја спуштил вредноста на социјалната мрежа пред да ја купи за 44 милијарди долари, утврди поротата на судски процес во Сан Франциско. „Ако ова судење е за тоа дали сум напишал глупави твитови, виновен сум“, призна милијардерот.

Брисел зад затворени врати ќе ги преработува хемиските регулативи

Европската комисија ја напушта вообичаената практика на консултации со Европскиот парламент при секоја реформа на законите. Регулативите за хемиска безбедност ќе ги менува зад затворени врати. Критичари тврдат дека Брисел попуштил под притисокот на хемиското лоби, а други го поздравуваат процесот како „конечно напуштање на бирократијата“.

Трамп е заробен од логиката на војната

Почнува со голем тресок, напредувате, а потоа се испречуваат непредвидени настани и влегувате во војна што не можете да ја контролирате. Наполеон и Хитлер не сакаа да ги водат војните што на крајот ги загубија, но тие подлегнаа на логиката на војната. Виетнам, Авганистан, Украина... Иста е и војната на Трамп против Иран, која се покажа потешка отколку што замислуваше.

„Страва“ во живо ја цртала позицијата на носачот „Шарл де Гол“

Француски војник кој редовно одржувал кондиција, пренесувал во живо на интернет како носачот на авиони „Шарл де Гол“ плови кон Блискиот Исток. Преку апликацијата за фитнес „Страва“ исцртал долга трага од истрчаните километри каде што нема копно - длабоко во Средозмно Море. Инцидентот е сериозен, бидејќи Иран во војната напаѓа и француски бази и уби еден војник.

Глобални препораки за нафтената криза: Работа од дома, возете бавно, не летајте...

Меѓународната агенција за енергија неодамна одобри историски најголемо ослободување на стратегиски државни резерви на нафта за да го смири шокот на цената на горивата поради војната во Иран. Откако тоа не помогна, сега објави список од десет мерки и ограничувања што им ги препорачува на владите да ги наметнат за да ја ублажат кризата.

Војните и глобалната трка за вооружување го богатат Израел

Војната против Иран и во Украина и забрзаното вооружување на Европа ги полнат со пари израелските одбранбени компании, кои пријавиле рекордни нарачки на оружје и воени системи од 80 милијарди долари. Нарачките гарантираат профит за инвеститорите во идните години поголем од годишниот буџет за здравство или од каматите за отплата на државните долгови.