Брисел зад затворени врати ќе ги преработува хемиските регулативи

Европската комисија ја напушта вообичаената практика на консултации со Европскиот парламент при секоја реформа на законите. Регулативите за хемиска безбедност ќе ги менува зад затворени врати. Критичари тврдат дека Брисел попуштил под притисокот на хемиското лоби, а други го поздравуваат процесот како „конечно напуштање на бирократијата“.

Европската комисија преку нов процес ќе го ревидира законот REACH, со кој се регулира употребата на десетици илјади хемикалии што потенцијално се опасни за животната средина и за здравјето на луѓето. Законот е дел од пошироките цели од Зелената агенда на ЕУ.

Како што приоритетите на Комисијата почнаа да се префрлаат од еколошките цели кон зајакнување на индустриската конкурентност, се променија и целите на ревизијата на REACH.

Новиот пристап ќе ѝ овозможи на Комисијата да ги менува законите преку технички процес познат како комитологија, без да се консултира со Законодавниот дом.

Од процесот ќе биде исклучен и Советот на ЕУ, во кој учествуваат лидерите на владите. Членките, сепак, ќе го задржат влијанието преку свои претставници во комитологијата.

Овој поедноставен се смета за конзистентен со притисокот на ЕУ за намалување на бирократијата за европската индустрија, бидејќи долгиот процес создаваше неизвесности за бизнисот.

Претставници на владата на ЕУ во изминатите неколку недели им ја најавиле новата стратегија на европратениците и, невообичаено за Брисел, добиле воздржана поддршка.

Загриженост изразил левичарскиот блок, кој стравува дека со промените ќе биде нарушена заштитата на животната средина.

21 март 2026 - 09:13