Вести

Браќата Тејт се поопасни за Трамп од Епстин

Последиците од апсењето на Ендру и Тристан Тејт би можеле да прераснат во голем проблем за Трамп, неговото семејство и политичкото движење МАГА, тврди новинарот Брајан Бјутлер. Врските на синовите на претседателот со браќата обвинети за педофилија и трговија со луѓе се многу понови и појасни отколку оние со Џефри Епстин.

Нов хируршки зафат врз фетус спасува бебиња од големи маки

Хирурзи во Тексас успеале со нов тип зафат да спасат неродено бебе на кое поради редок феномен цревата му растеле надвор од телото. Со експериментална и минимално инвазивна хирургија успеале да му ги вратат органите во абдоменот пред да се роди. Оваа аномалија денес се третира со повеќе постнатални операции и со повеќемесечен престој на интензивна нега.

Мексикански Бетмен врзува крадци по бандери

Самопрогласен борец против криминалот во мексиканската држава Халиско ги лови крадците на точаци и мотори и ги остава врзани за бандери, со натписот „крадец“ на нивните чела. Наместо да ги лови крадците, полицијата почна да го лови одмазникот, кој во заедницата доби статус на локален суперхерој. Никој не му го открил идентитетот.

Речник

Правични избори се математички невозможни

Математички анализи покажале дека ниту еден од актуелните изборни системи низ Европа не може совршено да ги усогласи локалната застапеност, пропорционалните резултати на национално ниво и парламент со фиксен број пратеници, кога бројот на партиите ќе надмине одреден праг. Државите сами избираат од кој критериум да се откажат за да обезбедат фер резултати.

Фаучи во пензија го дуплирал богатството

Пред пандемијата на ковид, Ентони Фаучи пријавил богатство од 7,6 милиони долари, што не е невообичаено за истакнат доктор и професор. Но, дури тогаш почнал да се богати. До крајот на пандемијата за три години ги дуплирал милионите, а откако заминал од јавна служба заработил уште 12,5 милиони долари од отпремнината и пензијата, но и од предавања, говори и награди.

Продал визија за 45 милијарди долари, а потоа сè изгубил за 20 дена

Фондот Situational Awareness на вундеркиндот Леополд Ашенбренер за помалку од три недели премина од годишна добивка од 439% во принудна ликвидација. Загубите од 45 милијарди долари се предупредување за секој инвеститор за ризиците од вложување во недокажаниот потенцијал на вештачката интелигенција без да се почитуваат основите на пазарот.

Мала им е Земјата за сервери за ВИ

Технолошките гиганти планираат да ги спојат своите најпрофитабилни бизниси – центрите за податоци и вселенските мисии. Новата луда идеја е да градат центри во вселената, каде што Сонцето е неисцрпен извор на енергија, и каде што нема бирократски пречки и регулативи. Откако ги истиснаа вселенските агенции од бизнисот, може ли некој да ги спречи?

Владата на Стармер потрошила над милион фунти на инфлуенсери

Британската влада целосно ја менува стратегијата во односите со јавноста. Ги укинува вообичаените брифинзи со новинари и засилено ангажира инфлуенсери за да допре до младите генерации, кои се активни по социјалните мрежи и не гледаат телевизија. На влијателните мегафони што не поставуваат незгодни прашања биле потрошени над 1 милион фунти.

„Зелените“ фондови на ЕУ финансираат уништувања и смрт

Инвеститори што вложуваат пари за заштита на природата и општествена одговорност всушност финансираат војни, уништувања и убиства на цивили. Под притисок на лобистите, Европската Унија овозможи механизам за префрлање десетици милијарди евра од зелените фондови за борба против климатските промени во индустријата за производство на тенкови, авиони и муниција.

Дуров: Макрон ја претвора Европа во дигитален гулаг

Основачот на платформата Телеграм го обвинува францускиот претседател Макрон дека со агресивни политики за цензура и со мерки за масовно надгледување настојува да ја трансформира Европа во „дигитален гулаг“. Ова завчера го порачаа и САД, со воведувањето санкции за поранешниот француски еврокомесар Бретон поради воведување цензура.

Берлин им се враќа на бетонските блокови

Изградбата на згради од модуларни блокови повторно е во мода во Берлин. Се промовира како евтина и практична „технологија на иднината“. За малку постарите берлинци, ова е враќање кон минатото. Но, немаат голем избор. Кризата со домови, падот на индустријата и зголемените трошоци ги принудуваат да штедат како во поранешната Источна Германија.

Британија нема да ги гони онлајн кавгаџиите како криминалци

Британската полиција повеќе нема да истражува „инциденти од омраза“, освен ако не се поврзани со криминални дела, и ќе ги избрише од своите евиденции илјадниците досегашни случаи. На полицајците што досега трошеа по 60.000 часа годишно за да бараат омраза во секој твит ќе им се ослободи скапоцено време да бркаат вистински криминалци и да ги обезбедат граѓаните.

САД и Украина утврдија нов мировен план со 20 точки

Претседателот Зеленски го објави во целост новиот план за крај на војната во Украина, усогласен на преговорите со САД. Прашањето за територијална поделба го издвојува како најважно и за него сака да разговара директно со претседателот Трамп. И Путин е брифиран за преговорите на пратеникот Дмитриев со американските преговарачи Виткоф и Кушнер во Мајами.

Дојде време Европа и САД да учат од Кина како се прават коли

Помина времето кога Кина ги копираше европските и американските технологии за да изгради сопствена напредна индустрија. Сега Кина произведува и продава најмногу коли во светот, а „учителите“ се принудени да ја прифатат нејзината култура и прагматичност за да го забрзаат производството. Инаку може да бидат збришани од пазарот.

Како Путин ја доби војната, со мала помош од неговите пријатели

Три години Западот раскажуваше приказни за неизбежниот пораз на Русија. Време е да се соочи со неизбежен факт: Специјалната воена операција на Путин ги постигна своите најважни цели. Путин не ја освоил или потчинил Украина, или барем сè уште не, но ја разоткри фундаменталната слабост на Западниот сојуз и можеби трајно го расцепил.

Среден век, втора мајка

Западната цивилизација денес ги покажува истите критични симптоми како пред историското пропаѓање на Римското царство, по кое настапија десет брутални и мрачни векови. Луѓето не ги почитуваат, па и се подбиваат со жртвите дадени за денешната благосостојба и не веруваат дека токму со тоа ја водат цивилизацијата кон ново самоуништување.

Трамп инвестира во фузиски реактори

Акциите на Корпорацијата Трамп скокнаа за 70% по спојувањето со стартапот за нуклеарна фузија TAE Technologies, во договор вреден 6 милијарди долари. Критичари укажуваат на сомнително испреплетување на личното богатство на Трамп со неговите планови како претседател да поттикне развој на нуклеарни централи, кои им се неопходни на огромните центри за податоци.

Разбудените му објавија војна на Божиќ

Прославата на Божиќ на Западот се претвора во културно бојно поле. Разбудените го осудуваат Дедо Мраз дека е бел колонијалист, на учениците им се забранува да пеат коледарски песни, а божиќните пазари се преименуваат во „зимски“ за да нема религиозни конотации. Празникот чија традиционална цел е да ги зближи луѓето стана искривен одраз на општествената поделба.

Да, некои деца можеби починале од вакцини против ковид

Како можат медицински професионалци да дискутираат за „поволниот однос“ на ризик и корист на вакцините против ковид ако не се подготвени да го признаат нивниот најлош ризик? Со оглед на познатите факти, системот за јавно здравство треба да ги признае разумните докази за ризикот и да создаде стратегија за минимизирање на трагичните исходи, колку и да се ретки.

Руски олигарси бараат милијарди отштета од Киев и ЕУ

Повикувајќи се на системот за заштита на инвеститори во Европа, руски олигарси ја тужат Украина и бараат компензации од стотици милиони долари поради национализирани банки и компании. Русинот Михаил Фридман, на кој Европската Унија му ги замрзна сметките, ги обжали санкциите и бара отштета од 16 милијарди долари од Луксембург.

Кушнер и Виткоф туркаат проект за хај-тек Газа

Додека ја водат дипломатската офанзива за крај на војната во Украина, емисарите Џаред Кушнер и Стив Виткоф имаат време да промовираат нов проект за трансформација на Газа во хај-тек метропола. Ако на зетот на Трамп му пропадна обидот да направи луксузен хотел од бомбардираниот Генералштаб во Белград, како ли ќе излезе на крај со Хамас во Газа? 

Украина со бодликава жица запира дезертери

Додека војува со Русија на исток, Украина ги утврдува и западните граници кон своите сојузници преку кои се помасовно бегаат млади регрути и дезертери. Младите не сакаат да бидат жртвувани во корумпиран систем, во кој богатите плаќаат мито за да ја избегнат задолжителната воена обврска. Во рововите на фронтот заглавуваат сиромашните и чесните.

„Студените“ Швеѓани најмногу си веруваат

Иако ги бие глас дека се студени карактери, 83% од Швеѓаните имаат доверба дека луѓето околу нив се спремни да им помогнат, покажува анкета на центарот Пју. Како се оди на југ, оваа доверба се намалува и најниска е во земјите што важат за најсрдечни - во Турција, Бразил и Мексико. Довербата зависи од приходите, образованието и возраста, а не толку од религијата.

Русите го имаат Старлинк на нишан

Руските вселенски сили развиваат ново оружје со кое би можеле да ја уништат мрежата комуникациски сателити Старлинк на Илон Маск, која им помага на украинските сили во војната. Планот предвидува да исфрлат во ниска орбита облаци од шрапнели, кои како сачми би „собориле“ сателити, но постои ризик дека ќе уништат и сопствени или кинески.

Првата црна Британка всушност била бела

Низа англиски медиуми на чело со ББЦ пред една деценија ги идентификуваа мистериозните останки на жена од римско време како „првата црна Британка“ и ја прилагодија историјата кон кампањата за диверзитет, еднаквост и инклузија. Нова генетска анализа ја урива таа пропаганда и покажува дека жената од Бичи Хед всушност била античка русокоса Англичанка.

СЗО им се враќа на билките, акупунктурата и јогата

Од билкарството во Африка, до акупунктурата во Кина или индиските медитации, традиционалните лекови и третмани сè повеќе се покажуваат како ефикасни и заслужуваат поголемо внимание и истражување. Овие вековни практики сега може полесно да се проверат со ВИ, геномика и скенирања и да се вградат во здравствените системи.

Младата украинска „елита“ се убива за крипто далеку од фронтот

Додека илјадници млади Украинци гинат бранејќи ја својата татковина, нивните врсници од „елитните“ семејства на тајкуни и политичари ѕверски се убиваат по европските метрополи, каде што беа засолнети за да не одат на фронтот. Син на амбасадорка во Бугарија мачел и запалил свој другар, син на функционер од Харков, во обид да му ограби 200.000 долари во криптовалути.

Германските агенти ќе добијат дозвола за саботажи

Во нов нацрт-закон се предвидуваат темелни промени во германската разузнавачка агенција. Агентите на БНД, кои досега беа ограничени да бидат „пасивни шпиони“, ќе се изедначат со колегите од ЦИА и МИ6. Ќе добијат право да вршат саботажи во странство, да провалуваат во домови и да инсталираат шпионски софтвер во компјутери. 

Стармер крати пари за борба против руското влијание на Западен Балкан

Владата на Кир Стармер ја намали за 40% поддршката што им ја дава на земјите од Западен Балкан за справување со дезинформации и кибернетски напади, како и за зајакнување на демократијата. Невладини организации ја критикуваат одлуката како „поткопување на угледот на Британија“ и бараат повеќе пари за „борба против руската агресија“.

Кинески богаташи штанцаат наследници од сурогат мајки во САД

Инспирирани од Илон Маск, кој има „легија“ од најмалку 14 деца, кинески тајкуни ги користат лабавите закони за сурогат мајчинство и ин витро оплодување во САД за да создадат големи семејни династии. Еден се пофалил дека потрошил десетици милиони за да стане генетски татко на сурија од повеќе од сто деца на кои ќе им ја остави компанијата во наследство.