Мамдани ја ограничува брзината во Њујорк на 24 км/ч

Во име на безбедноста на децата, њујоршкиот градоначалник објави план за намалување на брзината на 15 милји на час во училишните зони низ градот. Се разбира, камерите ќе снимаат и казнуваат 24 часа, и кога децата спијат. Критичарите велат дека прогресивниот Мамдани планира да го претвори „градот што никогаш не спие“ во „град што никогаш не мрда“. Писмо од Лондон.

Немој да го правиш тоа, Њујорк. Не дозволувај Зохран Мамдани да ти го намали ограничувањето на брзината на 24 км/ч (15 милји на час).

Послушај лондончанец: Со години имаме ограничување на брзината од 20 милји на час (32 км/ч) на повеќето наши патишта. Ефектот од ова налудничава сталинистичка фобија од автомобили е катастрофално. Нашиот некогаш жуборлив град е целосно запрен.

Денес е агонија да возиш по Лондон.

Се осеќаш како да си во жив песок додека велосипедисти те претицаат. Дури и стари баби со цегери стигнуваат побрзо.

Анкета од 2024 година спроведена во 387 градови во 55 различни земји го рангираше Лондон како најбавен град за возачи. Патување од 10 километри во центарот на Лондон трае во просек 37 минути и 20 секунди. Побрзо е со тротинет.

И тешко на фрустрираниот возач ако нагази на педалата - високи казни ги чекаат оние што ја прекршуваат заповедта за возење како полжав.

Возачите се само крави за молзење за она она што еден британски колумнист го нарекува „гестапо од 30 километри на час“: само во 2024 година, Лондон на возачите им собрал 3,2 милијарди долари за побрзо возење.

Сега Мамдани планира да го претвори „градот што никогаш не спие“ во „град што никогаш не мрда“.

Неговиот дистописки сон не ме изненадува. Мамдани обожава да го имитира нашиот луд градоначалник, Садик Кан. Кан, сега во својот трет мандат, е воук пинцурот кој господари со Лондон. Десет години страдаме под неговата моторофобија, еко-шарлатанство и отровните  идентитетски политики.

Сега неговиот њујоршки клон сака да ја донесе истата лудост во Њујорк. Заедно со увозот на нашите сообраќајни метежи создадени од  државата, Мамдани ја скицира пошироката зелена агенда на Кан: такса за да се влезе во центарот; 9 долари за влез во Менхетн под 60-тата улица, 18 фунти за возење низ центарот на Лондон.

И Мамдани и Кан фантазираат дека таквите политики ќе ја „спасат планетата“.

Во реалност, само ги иритираат и ги разочаруваат возачите. Мамдани сонува да го направи Њујорк град со нето нула емисии и тргнува во крстоносна војна, Кан има еко-сталинистичка петолетка и го сака „Лондон без јаглерод“ до 2030 година.

Тоа ќе значи само повеќе казни за возачите и бизнисите за нивните „гревови“ на загадување. Колку е лудо да се мисли дека можете да претвори толку преполни градови како Њујорк и Лондон во места со „нула јаглерод“?

Кан го претвори Лондон во свој личен феуд, платформа за промоција да на разбудениот идиотизам, зелените политики што маваат по џебот и токсичните идентитетски наративи.

Се плашам дека Њујорк наскоро ќе го доживее истото.

Брендан O' Нил,
за Њујорк Пост

19 март 2026 - 09:57