Вести

ЕУ ја спакува и амбалажата во бирократија

Економистите, бизнисмените и стопанските комори со години попусто се жалат дека Брисел и Берлин со секоја нова директива уште повеќе ја гушат економијата. Есенската сезона на реформи носи нови апсурдни закони што ги излудуваат фирмите, како воведувањето „комесар за амбалажа“ и обврската за овластени претставници во сите 27 членки на ЕУ.

Потонаа акциите на „Трамп медиа“

Вредноста на акциите на фирмата зад социјалната мрежа на Трамп упорно паѓа по поразот на републиканците на изборите за Конгресот. Паднаа на 4 долари, од 80 долари, колку што вредеа пред две години. Инвеститорите се жалат дека се предадени. Вредноста на акциите на Truth Social на берзите сега се следи како барометар за популарноста на Трамп меѓу Американците.

Нов закон во Белгија:

Затворени врати повеќе нема да спасат мигранти од депортација

Белгиските пратеници го изгласаа контроверзниот закон со кој на службата за имиграција ѝ се овозможува ненајавено да упаѓа по приватни домови за да приведува нелегални мигранти што добиле налог за депортација. Претресите ќе бидат ограничени на лица на кои им е одбиено барањето за азил во Белгија и кои се сметаат за закана за јавната безбедност.

Речник

Демократите добија моќ да го сменат изборниот систем во САД

Изборното „сино цунами“, со кое ја презедоа командата на Конгресот на САД им овозможи на демократите да спроведат изборна реформа која некогаш се сметаше за невозможна: да го отфрлат архаичниот и непопуларен Изборен колеџ. Веќе од 2028 година претседателот на САД би можел да биде избран со мнозинство гласови на национално ниво.

Левицата бара Германија да плаќа „климатски репарации“

Партијата на левицата не се откажува од напорите да го продлабочи чувството на историска вина меѓу Германците. Сега бара од владата во Берлин да се обврзе да им плаќа отштета на сиромашните земји низ светот затоа што Германија низ сопствениот индустриски развој во изминатите два и пол века претерано испуштала гасови од фосилни горива. 

Армијата на САД вежба масовни погребувања војници

Инженерски единици на американската Армија повторно почнаа да обучуваат да копаат привремени масовни гробници на бојно поле, активност што ниту се практикувала ниту била потребна уште од Корејската војна во 1953 година. Низ обука поминуваат и свештеници. Целта е да се зачуваат телата на паднатите борци и достоинствено да се испратат со верски обреди. 

Маск и Закерберг купуваат палати на кредит

Со богатство што се приближува до 1 билион долари, Илон Маск ако сака може да купи повеќе од 10.000 палати, и тоа од поскапите. Но, тој дал имот под хипотека за да добие кредит за да купи нови недвижности. Истото го прават и Марк Закерберг и други американски милијардери. Позајмувањето не им врзува пари, а ги ослободува од даноци.

Низ Франција шпартаат милион нерегистрирани коли

На улиците низ Франција има повеќе од 1 милион автомобили со лажни регистрации - украдени коли или без задолжителни технички прегледи, откри национална ревизија. Фантомски бироа удирале печати за да легализираат возила за криминалци или примале мито, со што ја оштетиле државата за половина милијарда евра. Ризикот за безбедноста на возачите и пешаците.

Истуриле 65.000 литри хемикалии во океан за да го намалат глобалното затоплување

Во океанот близу брегот на Бостон биле истурени 65.000 литри хемикалии, не од индустриска катастрофа, туку како геоинженерски експеримент за да забави глобалното затоплување. Последиците врз морскиот живот се уште не се познати. Дури и ако експериментот успее, ќе мора да се истураат милијарди тони хемикалии за да се постигне некаков ефект.

Епстин ја „убил“ ладната фузија

Документи од досието Епстин откриваат дека финансиерот не се занимавал само со местење девојки и организирање оргии за луѓе од елитата, туку преку „свои луѓе“ имал влијание врз одлуки на Конгресот за финансирање научни проекти. Во една преписка се пофалил дека го уништил револуционерниот проект на Стенли Понс за евтина и чиста енергија од ладна фузија.

Половина година Америка позајмува 50 милијарди долари НЕДЕЛНО

САД забрзано тонат во должничка спирала. Од почетокот на буџетската година во октомври, федералниот дефицит на САД се зголемил за 1.000 милијарди долари. Само во февруари владата позајмила 308 милијарди долари, предупредува Канцеларијата за буџет. На ова се надоврзува и цената на војната против Иран, која цица по 1 милијарда секој ден.

Дали Европа треба повеќе да се бори против исламофобијата или против исламизмот?

Британската влада на Кир Стармер сè повеќе се одвојува од реалноста. Додека во Британија за само една недела се случија низ инциденти со слична мотивација (4 мажи уапсени за шпионирање лондонски Евреи, напад на ирански дисиденти пред исламски центар во центарот на Лондон, извикување „Смрт за Израел!“ во Вајтхол...), владата работела на - нова дефиниција. 

Кина: Многу народи, една нација, еден официјален јазик

Кина, земја со 1,4 милијарда жители воведува „заеднички“ национален идентитет и му дава приоритет на мандаринскиот јазик. Критичарите тоа го сметаат за обид за асимилација на 55-те етнички групи. Пекинг тврди дека идентитетот на малцинствата не е загрозен. Интеграцијата промовирана преку образованието и културата е неопходна заради понатамошен развој.

Трамп тргна во војна со Иран затоа што Џаред Кушнер е будала

Со задоволство го преземаме насловот од Newrepublic од статијата што објаснува како главните преговарачи го убедиле Трамп за „нуклеарната закана“ од Иран. Кушнер и Виткоф, кои немаат поим од нуклеарна технологија, на преговорите настапиле како експерти и заклучиле дека Иран складирал критично количество збогатен ураниум во реактор за цивилни цели, изграден од САД.

ЕУ ќе протне пари до Киев за да издржи до мај

Без заемот од ЕУ, државната каса на Украина наскоро ќе остане празна. Европската Унија најде алтернативен начин како да му достави пари на Киев да издржи барем до мај, со голема надеж дека Орбан тогаш повеќе нема да биде премиер на Унгарија, или дека ќе омекне ако победи на изборите. Заканата за блокада од словачкиот премиер Фицо се смета за „помала пречка“.

Цела Газа е претворена во „пешачка зона“

Животот во Газа ни приближно не е вратен во некаква нормалност. Тие што преживеаа останаа во пустошот од кратери, урнатини и напуштени возила. Ретки се улиците кои се проодни со кола и тоа не е само техничко прашање: родители со часови ги носат децата на лекар. Во таква присилна неподвижност, луѓето ги планираат своите денови проценувајќи колку дента ќе им држат нозете. 

Невидлива GPS битка на Блискиот Исток

Мала е ползата од проектилите и бомбите, колку и да се „паметни“, ако противникот во војната ги прикрие координатите на подвижните цели. Но иранско-американската пресметка за попречување на електронските сигнали во Персискиот Залив го зголемува ризикот од судари на бродовите, кои без прецизни податоци од GPS системите практично пловат на слепо.

Како бирократијата на ЕУ го уништи Зелениот договор

Кога Урсула фон дер Лајен го објави Европскиот зелен договор, тоj звучеше како индустриска и технолошка преродба на континентот преку климатска политика. Резултатите се отрезнувачки. Ветената зелена обнова на европската економија не се оствари. Беше блокирана од Брисел - со премногу правила, прескапа енергија и премалку пари.

Путин до Моди: Нафтата повеќе не пријателство, сега е бизнис

Помина времето кога Русија беше принудена да ѝ продава нафта на Индија по повластени цени, сè додека тоа му одговараше на Њу Делхи. Сега, кога Индија поради војната во Иран остана без 2,5 милиони барели на ден, ќе мора повторно да купува руска нафта, ама по нови цени. „Нафтата повеќе не е пријателство. Сега е бизнис“, му порача Путин на премиерот Моди.

Рене Реџепи обвинет дека малтретирал персонал

Зад кујнските врати на ресторанот со три Мишелин ѕвездички Нома, готвачите трпеле физички и психички терор од Рене Реџепи. Светски прочуениот шеф со македонско потекло ги терал практикантите бесплатно да работат по 16 часа на ден, а готвачите ги изложувал на јавни понижувања, ги удирал и ги боцкал за најмала грешка или од бизарни лични каприци.

Луѓе од кабинетот на Трамп купуваат нуклеарни бункери

Војната, она што на повеќето луѓе им носи страв и неизвесност, на Рон Хабард (нема врска со основачот на Скиентологијата) му носи прилика да трие раце. 63-годишниот Тексашанец гради бункери дизајнирани да се преживеат напади со дронови, балистички ракети па и нуклеарен Армагедон. Нарачки направиле и двајца домаќини луѓе од најблиското опкружување на американскиот претседател. 

Американски генерали проповедаат верска војна во Иран

Верски фанатици со високи чинови ја промовираат операцијата Епски бес како војна што има корени во пророштва од Библијата. Од подофицерите барале да им пренесат на војниците дека претседателот Доналд Трамп бил „помазан од Исус да го запали сигналниот оган во Иран за да предизвика Армагедон и да го означи Неговото враќање на Земјата“.

Апокалипса во Техеран: Оган, чад и кисели дождови

Во неделата сонцето буквално не изгреало во Техеран. Откако во израелски воздушни напади беа погодени три големи складишта на гориво, градот со 10 милиони жители бил обвиткан во пламен, црн чад и облаци од кисел дожд. Властите ги повикаа граѓаните да не излегуваат на отворено дури ни кога ќе се разведри, сè додека не испари токсичниот талог.

Eпскиот бес на Трамп е осуден на пропаст

Зошто ја почна војната? Која е целта? Како ќе заврши? Една недела откако ја почна операцијата Епски бес, Доналд Трамп сè уште нема кохерентен одговор на кое било од трите клучни прашања за војувањето. Но, сите разузнавачки информации сугерираат дека САД не можат да наметнат една од проектираните цели: промена на режимот во Иран.

Иран гори, британските војници се шминкаат

Во крајно незгодно време - додека беснее војната во Иран, а онаа во Украина никако да запре, Министерството за одбрана на Британија издвои време и пари за да спроведе анкета меѓу војниците: „Дали сакате да се шминкате и да лакирате нокти?“. Не само за жените, туку и за мажите, согласно родовата идеологија за унифицирање на војската.

Бугари, Хрвати и Полјаци ја напуштаат Германија

Долго време ветената земја за луѓето од овој регион полека ја губи својата привлечност. Истражување на германското министерство за труд покажува дека сè повеќе работници од ЕУ решаваат да ја напуштат земјата по неколку години работа, што го усложнува сериозниот проблем со хроничниот недостиг на работници. И тие што доаѓаат во Германија од другите земји на ЕУ, не планираат да останат долгорочно.

Водата околу Иран сега вреди повеќе од нафта

Светот е во паника откако блокадата на Ормускиот теснец ја крена цената на нафтата на рекордно ниво. Но, милионите луѓе во пустинските држави од Заливот не пијат нафта и жедни се за вода. Уште пред да почне војната тие веќе беа погодени од повеќегодишна суша, а сега почнаа меѓусебно да си ги гаѓаат центрите за десалинизација на морска вода.

Нелегалните царини на Трамп трупаат камата од 23 милиони долари на ден

Американците ќе го плаќаат цехот на царините на Трамп дури и откако Врховниот суд пресуди дека се нелегални. Со неизвршување на судската одлука, Министерството за финансии всушност се обврза да плаќа непотребни камати на приходи од 175 милијарди долари. Ако процесот се оддолжи до крајот на мандатот на Трамп, само на камати ќе мора да плати 25 милијарди долари.

Трампјаху како Џорџ Дуплове Буш на стероиди

САД и Израел го следат либискиот модел со Иран: уништување и обезглавување на нацијата, а потоа оставање народот да ги собира парчињата и да се справи со целиот хаос, беззаконие и секташки конфликти. Имаат намера да турнат нација од 90 милиони луѓе во масовни судири и потенцијален колапс и балканизација, а потоа лежерно да се оддалечат од урнатините во ладна рамнодушност.