Израелското воено газење на Газа толку темелно го демонтираше транспортниот систем на појасот Газа што за патувањата што некогаш траеја неколку минути со автомобил сега се потребни часови одење низ урнатини и гротескни остатоци. Она што порано беше обичен чин - излегување од дома, одење на лекар, посета на роднини... сега е физички предизвик и бара постојано премерување на напорот и ризикот наспроти неопходноста.
Министерството за транспорт и врски на Газа објави дека приближно 70 проценти од регистрираните возила - повеќе од 50.000 автомобили, таксија, автобуси и камиони - биле уништени или се неупотребливи. Помеѓу 68 и 85 проценти од патната мрежа е сериозно оштетена или целосно уништена; во некои области, над 90% е уништена патната инфраструктура.
Појасот е фрагментиран во изолирани зони а движењето меѓу населбите бара долги заобиколувања или часови пеш.
Ваквиот колапс не е резултат само на воздушните напади. Блокадата на Израел - која продолжува да го ограничува горивото, резервните делови, гумите, батериите и тешката машинерија - ја поткопа способноста на Газа да се поправи или обнови.
Возилата што преживеале бомбардирање често остануваат неподвижни поради механички дефекти што ниедна работилница не може да ги поправи. Дури и основни делови и опрема - филтри, ремени, кочници- нема.
Моделот на уништување открива намера, пишува Интерсепт. Израелските напади постојано ги таргетираа раскрсниците, мостовите и клучните патни раскрсници, прекинувајќи ги врските меѓу населбите. Ова ги попречуваат амбулантните возила, хуманитарните конвои и движењето на цивилите, засилувајќи ги ефектите од повредите, гладот и раселувањето. Владата на Газа проценува дека загубите во транспортниот сектор надминуваат 3 милијарди долари, вклучувајќи го и уништувањето на повеќе од три милиони метри патишта.