Наместо „исламофобија“ - „антимуслиманско непријателство“ (види тука).
Брендан О'Нил смета дека тоа што сега исламофобијата не се спомнува, не значи многу. Тоа и онака е еден од најрастегливите термини што само ги препакува државните рестрикции: со тоа што ги меша критиките кон исламот со нетрпеливост кон муслиманите, „исламофобијата“ дава бланко чек да се казни секој кој ќе се осмели да го критикува Куранот или да каже виц за Мухамед.
За Ендрју Гилиган новата дефиниција е баш малициозна: омразата и дискриминацијата на муслиманите се веќе нелегални и општествено осудени. „Единствената цел на дополнителната дефиниција (за антимуслиманско непријателство) ќе да е посебна заштита за една вера што не се однесува на другите вери“.
Владата великодушно вели дека „дебатите во јавен интерес“ и натаму треба да бидат дозволени. Но, кој одлучува што е „во јавен интерес“? Што ако некој одлучи дека НЕ е во јавен интерес секуларисти да маршираат низ Лондон со оној постер од Шарли Ебдо?
Во документот се вели и дека „заплашувањето“ на муслиманите не треба да се толерира.
„Заплашувањето“ во последно време стана многу лефтерен збор - живееме во ера која е преплавена со чувствителни души кои се чувствуваат „заплашени“ не само од брутално однесување, туку и од болни зборови и остри идеи“, пишува O'Нил.
Новата дефиниција го осудува и „стереотипизирањето на муслиманите“, вклучително и врз основа на „нивниот изглед“.
Повеќето нормални луѓе се согласуваат дека е крајно сељачки да се стереотипизираат цели групи. Но, што е со хуморот, заебанцијата, што е со онаа стара колумна на Борис Џонсон во која вели дека жените облечени во бурка изгледаат како „поштенски сандачиња“ и „крадци на банки“?
Своевремено тој беше остро осуден како „исламофобичен“. Денес би бил обвинет за „антимуслиманско непријателство“. Јака разлика.
Министерот за правда во сенка, Ник Тимоти, за овој последен обид да се воведе посебна заштита на исламот вели дека е уште еден „напад врз нашата слобода да критикуваме, сатиризираме и испитуваме идеи“.