Луѓе од кабинетот на Трамп купуваат нуклеарни бункери

Војната, она што на повеќето луѓе им носи страв и неизвесност, на Рон Хабард (нема врска со основачот на Скиентологијата) му носи прилика да трие раце. 63-годишниот Тексашанец гради бункери дизајнирани да се преживеат напади со дронови, балистички ракети па и нуклеарен Армагедон. Нарачки направиле и двајца домаќини луѓе од најблиското опкружување на американскиот претседател. 

Со оглед на тоа што војната на САД со Иран предизвика страв од Трета светска војна, бизнисот на Хабард никогаш не бил подобар за неговата компанија.

  „Преплавен сум со повици“, вели Хабард. „Барањата се зголемија десеткратно откако избувна војната минатата сабота“.

Меѓу новите клиенти биле и двајца високи членови на кабинетот во администрацијата на Трамп се меѓу неговите клиенти.

Вчера ми пиша еден од нив и ме праша: „Кога ќе биде готов мојот бункер?“

Благодарејќи на изострениот бизнис инстинкт (или нешто друго), Хабард со совршен тајминг отвори канцеларии на фирмата во Дубаи- два дена пред да паднат првите ирански ракети врз градот, распрснувајќи го внимателно градениот имиџ како безбеден рај за богатите, заштитен од нестабилноста на околниот регион.

Двајца тамошни милијардери веднаш му се јавиле и нарачале бункери. 

Компанијата на Хабард нуди разни модели, од „Тему“ верзии за 20.000 долари до мултимилионски подземни засолништа кои можат да имаат кина, базени и целосно опремени стрелишта.

Речиси сите негови клиенти биле „христијани, конзервативни извршни директори.“ Меѓу нив имал и неколкумина од најголемите светски технолошки могули.

Пред нападот на Иран, правеле во просек по два милиона долари месечно. За следниот месец, газдата очекува 50 милиони долари. Ама вика дека не му е до профитот туку да ги заштити луѓето.

Шуќур, има и добри луѓе.

10 март 2026 - 10:26