Трампјаху како Џорџ Дуплове Буш на стероиди

САД и Израел го следат либискиот модел со Иран: уништување и обезглавување на нацијата, а потоа оставање народот да ги собира парчињата и да се справи со целиот хаос, беззаконие и секташки конфликти. Имаат намера да турнат нација од 90 милиони луѓе во масовни судири и потенцијален колапс и балканизација, а потоа лежерно да се оддалечат од урнатините во ладна рамнодушност.

Млади луѓе постојано ме прашуваат дали ваква била и инвазијата во Ирак. Им викам „Така некако, ама ова е многу поглупаво и полудо“.

Имаше прилично интелигентни луѓе кои веруваа во пропагандата за војната во Ирак. Многу анти-милитанти претпоставуваа дека Садам веројатно поседувал оружје за масовно уништување - само што не веруваа во наративот дека војната е одговорот. Имаше и интервенционисти кои искрено веруваа дека војната може да донесе добро за ирачкиот народ.

Ова не е ништо слично. Само најглупавите кретени искрено веруваат во наративите што го поддржуваат нападот на властите на Трампјаху врз Иран. Најчесто се работи само за лажговци и манипулатори кои цинично се преправаат дека веруваат во приказните за нуклеарно оружје, масакрирани демонстранти и донесување слобода и демократија за иранскиот народ, а само сакаат Иран да биде бомбардиран.

Овој пат дури и не се преправаат дека им е гајле за волјата на американскиот народ или за иднината на луѓето што ги бомбардираат. Само изговараат очигледни лаги кои се проверуваат и побиваат во реално време, потоа убиваат луѓе и се фалат со тоа.

Ирачката инвазија беше непростливо масовно злосторство, но гледајќи наназад, можете да разберете како добронамерно лице можело да биде измамено од хистеријата после 11 септември и униформната воена пропаганда на масовните медиуми.

Се викаше дека Садам Хусеин ќе биде заменет со влада која им служи на интересите на ирачкиот народ, а потоа американската коалиција навистина остана во земјата и правеше нов режим. Во споредба со она што го гледаме сега, тоа е речиси симпатично.

Ова сега е отворено дивјаштво.

САД и Израел го следат либискиот модел со Иран: уништување и обезглавување на нацијата, а потоа оставање народот да ги собира парчињата и да се справи со целиот хаос, беззаконие и секташки конфликти. Тие имаат намера да турнат нација од 90 милиони луѓе во масовни судири и потенцијален колапс на државата и нејзина балканизација, а потоа лежерно да се оддалечат од урнатините во ладна рамнодушност.

Тие не велат дека ја заменуваат иранската влада со подобра, не тврдат дека носат слобода и демократија, тие продаваат лаги, без интерес дали некој навистина им верува.

Уништуваат древна нација само затоа што им се може, гледаат во светот и викаат: „Добро, ние сме битанги, што ќе направите вие за тоа?“

Колку полуда станува американската империја, толку полуди стануваат нејзините менаџери.

Кеитлин Џонстон

7 март 2026 - 17:34