Пол Конингем од Сиднеј, информатички инженер без искуство од биологија и медицина, во 2024 година открил дека неговото куче Роузи има рак. Ветеринарите му рекле дека ѝ нема спас и дека ќе умре по неколку месеци. Хируршки зафат и хемотерапијата не ги намалиле туморите и состојбата на кучето се влошила.
Конингем направил се што може да ја спаси. Платил 3.000 долари за геномско секвенционирање на Роузи и побарал од ЧетГПТ и други модели со вештачка интелигенција да ги изолираат мутираните протеини кои би можеле да бидат потенцијални цели за третман. Ботовите формулирале специфична имунотерапија, која ја претставил пред единствената ветеринарна лабораторија што имала етичко одобрение за администрирање на експерименталниот лек.
Во иницијативата се вклучил докторот Пал Тордарсон, пионер во наномедицинска медицина и директор на Институтот за РНК на сиднејскиот UNSW. Врз основа на податоците од ЧетГПТ во лабораториите за помалку од два месеца била развиена специфична вакцина со mRNA технологија.

Роузи ја примила првата инјекција од третманот во декември, а потоа и бустер доза во февруари. Контролата покажала дека повеќето од нејзините тумори драматично се намалиле. Иако сосема не исчезнале, а некои не реагирале на вакцината, општата здравствена состојба на кучето се подобрила.
Во декември кучето немаше енергија бидејќи туморите создаваа огромен товар. Шест недели по третманот, Роузи забележа зајак и скокна преку оградата да го брка. Немам илузии дека ова е лек што ќе ја спаси, но верувам дека овој третман ѝ купи значително повеќе време и квалитет на живот, изјави Конингем.
За професорот Тордарсон највпечатливо во приказната е тоа што инженер без искуство во биологијата успеал да генерира рецепт за mRNA, што го „демократизира“ процесот на дизајнирање вакцини против рак.
Тој преку алгоритам го направил дизајнот на mRNA и ни го испрати, а ние направивме мала наночестичка... Првата персонализирана вакцина за куче е на самата научна граница на имунотерапиите против рак. На крајот на краиштата, ќе го искористиме ова искуство за да им помогнеме на луѓето, изјави Тордарсон.
