Колапсот на дубајската фатаморгана

Дубаи со години се преправаше дека живее со глава високо дигната над регионот во кој се наоѓа. Светкав меур кој лебди над Блискиот Исток, недопрен од хаосот околу него. А потоа дојде 28 февруари, иранските балистички ракети го распараа небото над него. Илузијата не преживеа ни едно утро. Парите и небодерите не купуваат гео-политички имунитет. На ракетите не им е гајле за брендирањето. 

И меѓународниот аеродром во Дубаи и меѓународниот аеродром Ал Мактум се затворија. Илјадници летови се откажаа. Воздушниот простор преку кој се превезуваат повеќе меѓународни патници од кое било друго место на планетата едноставно се затемни.

Тоа не беше регионален проблем. Глобалната авио мрежа изгуби еден од своите столбови. Дубаи е врската помеѓу Азија, Европа, Африка и Блискиот Исток. Кога се затвора, цели патнички коридори се уриваат. Летовите што вообичаено прелетуваат преку Заливот одеднаш мораат да летаат илјадници дополнителни километри за да го избегнат затворениот воздушен простор. 

Целата економија на Дубаи зависи од движењето. Во туризмот, трговијата, финансиите, логистиката. Обединетите Арапски Емирати со децении се продаваа себеси како безбеден, неутрален, хиперповрзан центар на Блискиот Исток. Место каде што инвеститорите можеа да се преправаат дека политиката не постои.

Зсмјата која сакаше партнерство со САД и Израел го сакаше тој престиж без ризиците што доаѓаат со него.

Таа илузија не преживеа ниту едно утро после иранската реакција.

Кризата ги погоди ОАЕ таму каде што се најслаби. Нивната економија, углед и првенствено нивниот внимателно граден имиџ дека се безбедна оаза во регионот. Затворањето на Дубаи е симболички проблем. ОАЕ со години инсистираа дека се исклучок, дека нивните облакодери, трговски центри и вештачки острови некако ги штитат од нестабилноста на регионот. Дека парите можат да купат имунитет од геополитиката.

Но, на ракетите не им е гајле за брендирањето и ПР-от. Не им е гајле за фантазијата на ОАЕ да бидат Швајцарија на Блискиот Исток.

* Manufacturing Dissent

 

 

29 март 2026 - 18:23